Анализа на демократската свест во Македонија
Еден граѓанин има висока демократска свест ако:
- Разбира каков системот ТРЕБА ДА БИДЕ
- Разбира каков системот Е
- Разликата помеѓу ТРЕБА ДА БИДЕ и Е не го остава рамнодушен
За првиот услов е потребна едукација и информирање од веродостојни извори. За вториот услов е потребно информирање од веродостојни извори и точна анализа на информациите. За третиот услов е потребна морална интелигенција и лично почитување на универзални етички стандарди. Значи, за да имаш висока демократска свест, треба да си добро едуциран и информиран, да си барем просечно рационален и да си доволно морален.
А, сега, да ја погледнеме демократската свест на граѓанството низ една мала анализа. Граѓанството во Македонија се состои од:
А. Граѓанство ПРОТИВ режимот. Се состои од:
А.1. Членство на СДСМ (или друга опозициска партија) и верни поддржувачи на СДСМ (или друга опозициска партија). Овие луѓе главно слепо веруваат на СДСМ (или друга опозициска партија) и главно не се одликуваат со висока демократска свест. Секоја чест за исклучоците.
А.2. Генерално опозициски ориентирано тело. Овде спаѓаат сите што се критички поставени спрема режимот — не се поддржувачи (или се лабави поддржувачи) на конкретна опозициска партија. Овие луѓе се статистички најдобро информирани и имаат највисока демократска свест. За жал, малцинство се.
Б. Граѓанство ЗА режимот. Се состои од:
Б.1. Клиентелистичко гласачко тело:
Б.1.1. Клиентела со директен линк до буџетот. Партиски војници вработени во администрација, јавни претпријатија, образование, итн. Добиваат плати директно од буџетот. Тука спаѓаат и земјоделци што добиваат субвенции од кои обезбедуваат егзистенција.
Б.1.2. Членови на семејствата на Б.1.1. Го поддржуваат режимот за да не ја загрозат својата егзистенција и/или егзистенцијата на своите најблиски од Б.1.1. Голем дел од овие глумат неутралци.
Б.1.3. Клиентела со индиректен линк до буџетот. Приватни фирми кои добиваат бизниси на наместени државни тендери. Или пак, приватни фирми кои се наоѓаат во привилегирана положба на пазарот поради клиентелистички релации со режимот. Голем дел од овие глумат неутралци.
Б.1.4. Членови на семејствата на Б.1.3. Го поддржуваат режимот за да не ја загрозат својата егзистенција и/или егзистенцијата на своите најблиски од Б.1.3. Голем дел од овие глумат неутралци.
Б.1.5. Пензионери и социјално ранливи категории кои се корумпираат со многу малку, обично со предизборна корупција. Голем дел од ваквите пензионери глумат неутралци.
Б.2. Заблудено гласачко тело. Неписмени, полуписмени, неинформирани, дезинформирани, испрани мозоци и припрости луѓе кои се главни консументи на пропагандата на режимот. Најлесни за манипулација. Голема маса луѓе — нема помоќ со нив. Едноставно, толку им е капацитетот.
В. Неутрално тело (не мислам на лажни неутралци). Овие луѓе се без политички став, слабо информирани, незаинтересирани, себични, плашливи, па дури и ограничени. Ова е огромна маса луѓе. Нивната неутралност му оди во прилог на режимот. Ефективно, со својата пасивност му помагаат на режимот да опстои.
Ова е ригидна класификација. Во реалноста не е баш вака. Можно е исти луѓе да припаѓаат на 2–3 категории (истовремено или во различни периоди). На пример, сигурен сум дека постојат луѓе ЗА режимот кои во исто време се и клиентелисти и испрани мозоци. Со помош на несвесно самозалажување (self-deception) овие луѓе прво се лажат себеси, а потоа и другите. Ова е познат психолошки феномен и најчесто се користи за ублажување на контрадикторни/неконзистентни верувања во умот, т.е. за ублажување на т.н. когнитивна дисонанца. Природна техника за уверливо лажење.
Така што, работата е врвка. Со ваков народ, слободата, демократијата и правдата се далечни вредности.