Не, значи станува збор за испитување кое оди преку крвта , со тоа што имаат увид на твоето генетско потекло колку што разбрав и врз основа на тоа не само што ќе ти одреди каква исхрана ти е нај практична туку и какви болести си подлежна односно ти кажува со 100% дали ќе заболиш од ,канцер на бели дробови не дај боже и други болести кои се нај актуелни ...
Пример: ако на некој му кажат со тоа испитување дека нема да заболи од канцер на бели дробови и да е пушач ,а и да почне да пуши пак нема да има никаков проблем со болеста значи нем,а никогаш да ја има.
Ова накратко колку што објаснуваше Жан Митрев ,а тоа е само во Филип 2 нема на друго место во Мк ,а мислам и пошироко ,а и не е многу скапо ,само ќе прашам и ке ти пишам одма ...
Исхрана по гени и по крвни групи е најголемата глупост која е измислена во човековата историја, еве зошто
Научниците кои што го измислија овој начин на исхрана -според генотипови, се истите кои што пред неколку години ги измислија актуелните диети според крвна група и кога цел свет дозна колкава глупост е тоа, тие се обидоа да измислат нешто ново.
1. Сите цицачи имаат крвни групи, но сепак сите крави јадат иста храна, сите зебри иста, сите лавови иста... Ако крвната група има удел во нашиот начин на исхрана, тогаш во зоолошките или во фармите би требало да им се испитува крвната група на животните и сите посебно да се хранат.
2. Сите ние имаме речиси исти гени, само помалку од 1% од нашите гени се различни кај секој човек. Тие гени немаат некоја улога во структурата и составот на нашето тело, додека останатите, кои што имаат се речиси кај секој човек исти (освен кај лицата со генетски болести). Ако храната која ја јадеме има улога на гориво во нашиот организам, тогаш битни се гените кои што го определуваат составот и структурата на организмот, бидејки начинот на исхрана и физиономијата мора да се поклопуваат.
Луѓето кои што според своите гени се различни по физиономија едни од други и истите се одделени како посебни раси на луѓе, имаат различни потреби во исхраната. Како на пример црнците немаат ензими за разложување на лактоза, за разлика од белците кои ја разложуваат и сл., но луѓето од една иста раса имаат исти потреби во исхраната, она што допринесува за полесно или потешко поднесување на одредена храна се алергии, дигестивни болести и други здравствени нарушувања, начин на живот, физичка активност, брзина на метаболизам и др., со други зборови - надворешната околина и влијанието на истата врз човекот.