Жените во религијата

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не ми текнува посоодветен наслов од ова, а да не звучи феминистички. Sorry about that. :zelen

Последно одекна веста дека Брегалничката Епархија беше забранила жени да се фрлаат по крстот годинава, што предизвика лавина реакции од феминистички настроените жени, па и неколку шовинистички одговори на сметка на овие што се побунија.
Колку е оправдано или не, не можам да судам, но сепак сакам да продискутираме околу жените и нивната позиција во религиите...колку се може.

Јес да мнозинството про-феминистички ставови на денешницата се смешни и без некаква основа (пример: чешлање мишка на камера за да се докаже поента), но не можам, а да не забележам дека постојат одредени угнетувања, да ги наречеме, кога се работи за религијата.
Нема жени што вршат богослужба (калуѓерки не се важат), и, нека ме поправи некој ако грешам, ама чинам на жените-христијанки им е забрането да влегуваат во олтарите на црквите и за одржувањето на истите се грижат само мажи, па ме интересира повеќе околу тоа, кој знае.
Во муслиманскиот свет пак, постојат молитви на кои одат само мажите, а додека, ако одат и жените, сместени се во позадина за да не одвлекуваат внимание (а мажов ако ѝ пувне во фаца, нема везе), па некогаш ги делат дури и во посебни делови/соби. Кај нас, јас искрено немам видено жена макар пред џамија, иако 15ина години сум живеела во близина на истата...може тајминг сум промашувала, што знам.
Малку ми е збунувачки бидејќи христијанството повикува на еднаквост, а во Куранот не постојат никакви забрани за одење на жените во џамија. (think)
За што станува тогаш збор? Супериорност, неискоренета традиција или нешто трето?

Гледам се појавуваат и групи кои го креваат гласот и околу ова прашање...меѓу последните да се потсетиме на активистките што „моралот“ т.е. крстот го сместуваа кај што не свети сонцето во знак на протест. Колку пак тоа би донело ефикасни резултати и напредок? (worried)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Во EGC (Ecclesia Gnostica Catholica) или Гностичката Католичка Црква, каде што се изведува Гностичката Миса - жена е Свештеничка заедно со Свештеникот.
Се надополнуваат еден со друг преку нивните природи и + преку нивните функции!
Можете да го најдете текстот на тој ритуал како Liber XV и да видите за што се работи, и да проанализирате.
„Историја на верувањата и на религиските идеи - Мирча Елијаде“ велат дека содржи одлични размисли во врска со промените на Жена-Божество-Маж низ еволуцијата на човештвото. Солена книга :)

Мислам дека пред патријахалниот еон, каде што жената е избркана да служи на највисокото, жената била Мајка на Се. И смрт исто така. Била највисокото божество :)
Во старо-еонските религии на робските богови имате Татко, Син, Свет дух - женскиот принцип е кастриран - заради некои нивни причини. Кај евреите пак, посебно оние кои се заморуваат со езотериската кабала, женскиот принцип во никој случај не е изгубен. Стои заедно со трите највисоки сефироти на Дрвото на Животот.
Исто и дејствувањето на богот на Земјата (неговото присуство) е преставено како Шекина (женски принцип).

Секако, се зачувани прастарите ритуали каде што жената е рамноправна пред божественото како и мажот. Нормално, тајно во овој луд свет од фанатици кои толкуваат сешто како ќе им текне!

Законот на Телема пак вели: „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“. Жената е божествена и обдарена со истите моќи како и мажот! Не можат едното без другото кон највисокото.
Жената е Ѕвезда.

Ете мал придонес за интереснава тема :) И опасна ако мене ме прашувате! :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во црна ружа не постои дискриминација :zelen

Монотеистичките религии не се фимејл-френдли, уште од времето кога Мојсеј и брат му Арон избегале поради државниот удар и репресалиите против Аменофис IV, генијални умови мора да се признае но во полза на злото. Причините се многу, една-две објективни (гледано од тогашна перспектива) и стотина илјади субјективни и наменети за контрола на масите.

Мојсеј како еден од пионерите на применетата психологија многу добро ги поставил темелите на монотеизмот кој пред се, после падот на култот на сончевиот диск, бил наменет за една група на луѓе, збир на племиња кои подоцна ќе се наречат Евреи. Евреите за него биле second best bet... or the only bet available. И така полека забегувам офтопик (party)

Покрај рестриктивниот сексуален морал тука биле и општествените и религиски ограничувања за жените од причини сеуште неразјаснети во целост, дали се работело за проширување на рестрикциите во останати области кон религиските институции или нешто друго не сум сигурен бидејќи чат-пат жените имале световна моќ во тие времиња, сетете се на легендарната кралицата од Шива и се случувало да се најдат во врвовите на световната власт но никогаш во врвот на верската власт. Троа е мистерија причината... :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Нема многу што да се каже за старо-еонските религии и жената нели?
Не може ниту да се промени нешто бидејќи се темели на догма, не на искуство!

Ќе мора да се зборува негативно, а со тоа да се оди против вашата сопствена вера која ве врзува по некоја логика со националноста од која нема бегање нели...
Опасно...
Штета за жената и нејзината моќ да биде дури и свештеничка ...
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Библијата и религијата се најголемите пречки на феминизмот, најмногу е дискриминираана жената.
Додека во библијата се благословува секое првородено машко дете, жената се претставува како врата кон ѓаволот.
До пред две години сигурно немаше ни да ми текне да читам за религија, свети писма и нивни тајни..ете што ми направи форумот, ме навлече да барам и да читам(како за љубов и секс не се навлеков).хахахаа..мала шала.
1Korincanima11.jpg
Деак жената е потчинета, дискриминирана, создадена само за да му служи на мажот, можеме да заклучиме и по тоа што бог ја создал од реброто (не многу битното)на Адам....е сега се прашувам зошто не ја направил и Ева од земја и да и вдахне живот!?
Жената е последна душичка створена, и тоа после создавањето на животинскиот свет:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Отвори ја прикачената датотека 27212
Деак жената е потчинета, дискриминирана, создадена само за да му служи на мажот, можеме да заклучиме и по тоа што бог ја создал од реброто (не многу битното)на Адам....е сега се прашувам зошто не ја направил и Ева од земја и да и вдахне живот!?
Жената е последна душичка створена, и тоа после создавањето на животинскиот свет:(
И не само тоа, на жената и е забрането да подучува, да има авторитет над мажи, да ја покажува својата убавина а "спасот" и е посочен единствено во тоа да раѓа деца:

1 Тимотеј 2:
9.Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.
10.Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11.Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12.Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13.зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14.а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15.Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Nema nishto pogreshno vo posochenite citati,naprotiv dobro kazuva imajki vo predvid deka mazot e slab i ne moze da se vozdrzuva od ubavinata na zenskoto telo.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Nema nishto pogreshno vo posochenite citati,naprotiv dobro kazuva imajki vo predvid deka mazot e slab i ne moze da se vozdrzuva od ubavinata na zenskoto telo.
Посочените стихови со векови и милениуми биле причина за деградирање и потценување на жената. Случајно е тоа што никаде назад низ историјата жената не била свештеник, генерал, учител? Не се сите мажи слаби и неспособни да се воздржат, но тие што го напишале ова итекако биле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Посочените стихови со векови и милениуми биле причина за деградирање и потценување на жената. Случајно е тоа што никаде назад низ историјата жената не била свештеник, генерал, учител? Не се сите мажи слаби и неспособни да се воздржат, но тие што го напишале ова итекако биле.
Има причина зошто е дадено како совет тоа,не е туку така напишано,работата кој колку може да разбере,односно подлабоко размисли.Мажите сеуште не се на такво духовно ниво да можат да го контролираат својот нагон,своето тело и емоции,затоа и тие препораки се дадени за жената.Додека за подучувањето ,мажот е тој што има семе и може да посее, а жената да се грижи да израсне.Во споредба кажано жената е повеќе наклонета кон земјени работи,а мажот кон небесни.
Генерал,учител,свештеник....мажии,само за војни и религии им постои светов,да дадеше други примери.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Има причина зошто е дадено како совет тоа,не е туку така напишано,работата кој колку може да разбере,односно подлабоко размисли.Мажите сеуште не се на такво духовно ниво да можат да го контролираат својот нагон,своето тело и емоции,затоа и тие препораки се дадени за жената.Додека за подучувањето ,мажот е тој што има семе и може да посее, а жената да се грижи да израсне.Во споредба кажано жената е повеќе наклонета кон земјени работи,а мажот кон небесни.
Генерал,учител,свештеник....мажии,само за војни и религии им постои светов,да дадеше други примери.
Ниту мажите ниту жените не се создаваат на фабричка лента или на фотокопир. Генерализација е и стереотип да се ставаат во ист кош сите мажи и сите жени. Да се верува дека жената е инфериорна во однос на мажот е ограничено и навредувачко за сите жени што имаат достоинство.