Не ми текнува посоодветен наслов од ова, а да не звучи феминистички. Sorry about that.
Последно одекна веста дека Брегалничката Епархија беше забранила жени да се фрлаат по крстот годинава, што предизвика лавина реакции од феминистички настроените жени, па и неколку шовинистички одговори на сметка на овие што се побунија.
Колку е оправдано или не, не можам да судам, но сепак сакам да продискутираме околу жените и нивната позиција во религиите...колку се може.
Јес да мнозинството про-феминистички ставови на денешницата се смешни и без некаква основа (пример: чешлање мишка на камера за да се докаже поента), но не можам, а да не забележам дека постојат одредени угнетувања, да ги наречеме, кога се работи за религијата.
Нема жени што вршат богослужба (калуѓерки не се важат), и, нека ме поправи некој ако грешам, ама чинам на жените-христијанки им е забрането да влегуваат во олтарите на црквите и за одржувањето на истите се грижат само мажи, па ме интересира повеќе околу тоа, кој знае.
Во муслиманскиот свет пак, постојат молитви на кои одат само мажите, а додека, ако одат и жените, сместени се во позадина за да не одвлекуваат внимание (а мажов ако ѝ пувне во фаца, нема везе), па некогаш ги делат дури и во посебни делови/соби. Кај нас, јас искрено немам видено жена макар пред џамија, иако 15ина години сум живеела во близина на истата...може тајминг сум промашувала, што знам.
Малку ми е збунувачки бидејќи христијанството повикува на еднаквост, а во Куранот не постојат никакви забрани за одење на жените во џамија.
За што станува тогаш збор? Супериорност, неискоренета традиција или нешто трето?
Гледам се појавуваат и групи кои го креваат гласот и околу ова прашање...меѓу последните да се потсетиме на активистките што „моралот“ т.е. крстот го сместуваа кај што не свети сонцето во знак на протест. Колку пак тоа би донело ефикасни резултати и напредок?