Јас купувам и продавам атрактивни модели на гитари во зависност од тоа кога ке добијам добра цена за нив ги продавам или си свирам на нив одредено време додека не ги продадам, исто така секогаш кога има нешто интересно и ново излезено на пазарот и по продавнициве си ја користам членската кредитна карта која продавниците ја даваат и со нејзе до 30 дена имаш право да пробаш-па да вратиш било која роба. Кога ке им падне цената сезонски, обично во месец Јануар, купувам по две три и потоа ги продавам до Август месец.
Инаку само една гитара нема никогаш да продадам. Кога бев во Мексико на одмор во една мала продавница најдов Телекастер од 1988 и го пробав. Го купив и од тогаш го користам секогаш.
Ако ме прашуваш кој модел ми е најомилен, тоа е стратокастерот како на Дејвид Гилмур од Пинк Флојд црно тело, со врат од јавор и бела електроника. Ако налекам таков некој добар, можеби ке го задржам.(а можеби и не)