Човекот — животно или креација на Господ?
Овој текст е посветен на една парадоксална опсервација. Но прво, малце научен вовед.
Од когнитивната психологија е познато дека размислувањето се случува во два мисловни мода — Систем 1 (брз) и Систем 2 (бавен). Најголемиот авторитет во оваа област, Даниел Канеман, пред неколку години го објави бестселерот Thinking, Fast and Slow. Во оваа книга, на луциден и прониклив начин низ многубројни примери и експерименти, Канеман објаснува што се случува во нашите глави. За повеќе информации прочитајте овде: Two Brains Running.
Систем 1 е брз, автоматски, инстинктивен, емоционален и претежно несвесен систем за мислење. Овој систем го имаат и животни (референца: “The capabilities of System 1 include innate skills that we share with other animals.”). Се разбира, човековиот е најкомплексен. Една важна карактеристика е дека Систем 1 е кралство на таканаречените когнитивни пристрасности (анг. cognitive biases). По дефиниција, когнитивните пристрасности предизвикуваат систематски грешки во мислењето. Со други зборови, тие ве оддалечуваат од вистината. Глава може да ве заболи од тоа колку многу различни пристрасности постојано ни го попречуваат рационалното размислување и не’ оддалечуваат од вистината (референца: List of cognitive biases). Но, тоа е нашето животинско наследство и тука помоќ нема (се зезам! има, ама не е лесно). Инаку, има научна студија која емпириски покажува дека баш когнитивните пристрасности (суштината на Систем 1) се главната причина за верувања во натприродни појави (референца: Cognitive biases explain religious belief, paranormal belief, and belief in life’s purpose).
Од друга страна, Систем 2 е бавен, аналитичен и напорен систем за мислење. Овој систем се должи на оној мал дел од мозокот кој се развил кај луѓето како резултат на еволуцијата и не постои кај другите животни. Се разбира, сите луѓе немаат Систем 2 со ист капацитет. Природно, некои се повеќе, некои помалку интелигентни. Како и да е, најважната работа е дека Систем 2 ни ја дава способноста да мислиме објективно, непристрасно и да дојдеме до вистините за природата вклучително и потеклото на Хомо сапиенс. Систем 2 е заслужен за сите достигнувања во науката и технологијата и за целиот развој на човековата цивилизација.
Дадов долг вовед за кратка поента. На некои можеби нема да им се допадне, али шта је — ту је. Значи, еве ја опсервацијата:
Резонирајќи со Систем 1 (референца: овде), којшто не е својствен само за луѓето, креационистите сметаат дека луѓето не се животни и се создадени од Господ.
Резонирајќи со Систем 2, којшто е својствен само за луѓето, еволуционистите сметаат дека луѓето се животни и настанале од други животни по пат на еволуција.
Зар ова не е парадоксално и жално?
Значи, оние кои се склони да веруваат во натприродни сили, паранормални појави, псеудо наука (псеудо медицина) и други сомнителни тврдења — се склони да го запоставуваат Систем 2 во однос на тие важни прашања. Тоа не значи дека се неинтелигентни (познато е дека големи научници и брилијантни мислители биле/се религиозни). Но, кај нив одредени когнитивни пристрасности се толку доминантни што го блокираат Систем 2 во однос на религиските прашања. А, токму способноста за логичко и аналитичко мислење им овозможила на нашите предци континуирано да ја зголемуваат кумулативната разлика во однос на останатиот животински свет во последните 2–3 милиони години.
Уште нешто важно во овој контекст. Прекумерното користење на Систем 1 и запоставувањето на Систем 2 при носење на важни одлуки ги прави луѓето лесни жртви за лошите политичари. Целта на политичарите е — преку пропагандистичките медиуми и корумпираните креатори на јавно мислење — систематски да ги конфигурираат нашите предрасуди, асоцијации, рефлекси, емоции како што ним им одговара (т.е. да извршат конфигурирање на Систем 1 на што повеќе луѓе). Какви се последиците? — Трагични! Еве текстови што нудат објаснување за овие процеси:

- Легитимирање на лидери: мозочна перспектива
- Видови на медиуми во зависност од начинот на пресликување на релевантните факти во јавна перцепција
- Креатори на јавно мислење — дали нивната веродостојност е клучен фактор за развојот на општеството?
Последна промена: