Религијата е вистинска или не?

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Зошто тргнуваш од верувањата, смртта, раѓањата...? Пробај малку инаку да ги гладаш работите. Не е тоа никакво искушение. Најтешкото искушение е да станеш човек. Верник (ма во што и да е, не само во одредена религија) да се стане е лесно. Поверував во прикаската раскажана, препишана, модифицирана, сечена, лепена...монтирана. И готово верник сум. И што со тоа?
Малку од нив знаат што е човек. Многумина тоа го чувствуваат и затоа умираат полесно. Животот на секој човек е пат кон самиот себе си, обид на еден пат, наговестување на една патека. Никогаш еден човек не бил целосно тој самиот, но секој се стреми да стане тоа, некој подмолно, некој појасно, секој како што знае и умее. Секој ги носи со себе до крајот на животот остатоците од своето раѓање, слузта и черупката на еден прасвет. Некој не станува човек никогаш туку останува жаба, останува гуштер, останува мравка. Некој е човек горе, а долу е риба. Меѓутоа секој е истрел на природата насочен кон човекот. Сите нам ни е заедничко потеклото, мајките, сите потекнуваме од ист вруток, но секој, како обид и истрел од длабочина, се стреми кон својата сопствена цел. Ние можеме да се разбереме еден со друг, но секој од нас може да се протолкува себе си.
Та зарем ни се потребни книги, философии, заповеди, богови.... за да нашите погледи, наместо кон другите, кон надвор, кон некои си божества, ги свртиме кон себе си. Да погледнеме кон спствената есенција, кон сопствената душа. Да го пронајдеме во себеси и божјото и демонското. Зарем сопствените доблести треба да ги градиме поради стравот од “натприродното“ или поради ветената награда? Ако некој го прави поради таа причина не сфатил што е животот и што е човек.
Ова со некој дека е ќовек горе, а долу риба, ме потсети на Демиан од Херман Хесе...
Очито е дека читаш книги, да... Како не ни се потребни философии,
кога еве самиот филозофираш...
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Што да частам?!
Па да кажам дали бива де...
Реков по мој избор ќе честиш. Ако си сигурна во ова што го зборуваш. Ако не си ќе си бараш оправдувања.
Ова со некој дека е ќовек горе, а долу риба, ме потсети на Демиан од Херман Хесе...
Очито е дека читаш книги, да... Како не ни се потребни философии,
кога еве самиот филозофираш...
Не е тоа философија. Тоа е животот, тоа е искуството. Можеби нешто и ти да изговориш од Хесе, од Платон па и Аристотел. Што со тоа? Ако не си свесна што тоа значи. Наизуст изучена фраза (како некоја што ја рекол оџата во џамија, на пр.) не значи ама баш ништо. Ти можеш и цел свет да го насиш на плеќи, но.........
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net