Прашања за Исламот

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Значи не се подалеку?
Не се, што значи да влезиш во Авион и да оди нагоре Авионо во ракетска поза, ќе успееш да стигнеш до нив. Еве пробај, ако мене не ми веруваш. :)
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не се, што значи да влезиш во Авион и да оди нагоре Авионо во ракетска поза, ќе успееш да стигнеш до нив. Еве пробај, ако мене не ми веруваш. :)
Епа како ги објаснуваш тогаш стиховите од куранот? Таму се вели дека ѕвездите се најблиску!
 

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
[QUOTE="Од друга перспектива, post: 340214, member: 6570"]Не се, што значи да влезиш во Авион и да оди нагоре Авионо во ракетска поза, ќе успееш да стигнеш до нив. Еве пробај, ако мене не ми веруваш. :)
Епа како ги објаснуваш тогаш стиховите од куранот? Таму се вели дека ѕвездите се најблиску![/QUOTE]
И јас тоа се обидувам да ви кажам... Дека се најблиску, ако одиш со авијоно нагоре, ќе видиш дека до ѕвездите прво ќе стигниш, одошто до месечината и сонцето.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
И јас тоа се обидувам да ви кажам... Дека се најблиску, ако одиш со авијоно нагоре, ќе видиш дека до ѕвездите прво ќе стигниш, одошто до месечината и сонцето.
I rest my case. Се надевам сите останати што ќе постават прашање до тебе, ќе го имаат во предвид твојов одговор, дека ѕвездите се поблиску од месечината и сонцето и дека со нив можеш да стигнеш со авион.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
I rest my case. Се надевам сите останати што ќе постават прашање до тебе, ќе го имаат во предвид твојов одговор, дека ѕвездите се поблиску од месечината и сонцето и дека со нив можеш да стигнеш со авион.
Се надевам на истото... :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Дали се подалеку или се поблиску...
Ако му се посветиш на Аллах, духовно ќе бидеш најблиску со сите чудесии на универзумо шо се дешават!. :)
 

Hindsighter

Нов член
3 јануари 2016
12
6
3
Ако некој самиот нема разбирање од одредена област, тогаш не треба да одговара ни на други. На членов му поставив неколку прашања и истите ги игнорираше со изговор дека биле глупави и бесмислени, но дали е така може самите да заклучите. Со тоа што му давате можност да го игнорира она што не го разбира, помагате да дава одговори и објаснувања од област која очигледно не ја разбира. Не му поставувајте други прашања додека не даде одговор на она што му е поставено.
Твоето прашање е одамна игнорирано од моја страна, иако имам одговор за истото. И не само на тебе туку и на сличните како тебе, како и на сите други кои поставуваат понижувачки и малициозни прашања (вклучувајќи и бесмислени прашања во твојот случај) тие по автоматизам се игнорираат.

Dali vo Kuranot e definirano sto e dozvoleno na zenata vo kolku ne e zadovolna i e nesrekna vo brakot?Koi se nejzinite prava i opravdani spored verata dejstvuvanja spored nejzinata priroda?
Одговорот го имаш во книгата Семејно Право од професорите Дејан Мицковиќ и Ангел Ристов, двајца христијани.
DSCN0036.JPG

Зошто за мажите е дозволена полигамија, а за жените не?
Зошто мажот-муслиман смее да земе жена од друга вера, а жената-муслиманка само од својата?
Зошто се вели дека на жената местото ѝ е во атмосферата на домот, а на мажот надвор?

Мислим, знам јас дека има исклучоци и дека ќе се најдат цитати да ги поддржат, ама реално ако ја погледнеме големата, генерална слика, повеќе се работи за менталитет отколку за религиозни правила. Сепак еве... ме интересира во Куранот зошто е така наведено.
Знаејќи ја реалната улога и вистинската природа на машкото и на женското лице, одговорот на наведените прашање е прилично лесен. Но бидејќи во постмодерното време во кое живееме овие нешта се измешани и постои збунетост во нивната реално-прагматична улога и природа од најразлични причини и појави, нужно следи потсетување за истите.
Тргнувајќи од концептот на маж како „ловец“ и жена како „собирач на уловениот плен“, кои концепти се присутни во нивната природа како во времето на човекот-неандерталец така и во современиот цивилизиран човек, заклучуваме дека Исламот всушност ја прифаќа нивната природа и ја реализира во најголема компатибилност. Нема да навлегувам да објаснувам детално за нивната реална улога, туку ќе се задоволам со тоа што ќе истакнам дека нивната функционална улога е различна. Но проблемот со постмодерното време е во тоа што оваа различност во нивната функционална улога се сфаќа како понижување и деградација за жената, кога тоа не е ништо друго туку само и единствено различност во улогите, без тоа да претставува некакво издигнување или омаловажување кон одреден пол. Затоа информираните муслиманки, а посебно оние кои одлучуваат да се покријат (по сопствена волја) немаат проблеми од горенаведените прашања и тие ја разбираат нивната вистинска улога и природа како жена.

За полигамијата точно е дека се предвидува во Исламот и тоа според наше верување е природна појава, како нешто што се наоѓа во природата на самиот маж. Полигамијата во Исламот има две ограничувања: првото е до 4 жени најмногу, а второто е да се биде праведен меѓу нив, ако се повеќе од една жена. Ако последниот услов не може да се исполни или мажот не е сигурен дека може да биде праведен помеѓу нив, тогаш верска обврска е да земат само една жена. Жената од друга страна не е створена да посегнува по повеќе мажи, ниту има таа потреба да има повеќе мажи согласно нејзината природна женска сексуалност. Од ова излегува дека полиандријата не е природна појава. За сомнеж во оправданоста на полигамијата и за тоа дали е природна појава или не, може да се истражи во врска со тоа а посебно да се истражи за сексуалноста на обете полови. Како поттик за тоа би го изложил фактот за неверството кое се случува во моногамните бракови, каде мажите се јавуваат како најчести лица кои се склони кон неверството отколку жените. Преку давањето одговор на прашањето зошто токму мажите се повеќе склони кон неверството се разоткрива нивната вистинска природа (и нивната сексуалност).

Мажот муслиман може да земе жена од друга вера (не од секоја друга вера) затоа што има мудрост зад тоа и причината за истото е од културен карактер. Бидејќи во Исламот се верува дека тоа е последна Божја објава и како последна таа е единствената совршена религија (затоа Куранот се вика и Последен Завет, покрај Стариот и Новиот Завет), во корист на жената-немуслиманка е таа да го прифати Исламот како нејзина религија. Но секако, во верата нема принуда и ако не сака, жената може да ја задржи својата религија. Зошто само мажите-муслимани можат да земат немуслиманка а не и спротивно? Од две причини: мажот како повлијателен и како глава на семејството може да провлијае на жената за изборот на нејзината религија и втората причина е тоа што мажите-немуслимани во повеќето случаи не се направени суннет (обрежени).

Од сето ова што го напишав до сега можеш да го најдеш и одговорот на твоето трето прашање за тоа зошто „на жената местото ѝ е во атмосферата на домот, а на мажот надвор?“. Ако се разоткрие нивната вистинска функционална улога и природа на нивниот пол ќе може лесно да се разбере зошто е тоа така.

Ако имаш други прашања, најдраго би одговорил според моите можности.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сунетот не е договор со Алах или Јехова него е монструозно сакатење на пенис кај мали деца кои немаат избор дали сакаат возрасен маж со нож да им го сече пенисот или не.

Ама тоа е, премногу се толерираат религиските ирационалности...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas and misterija

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Твоето прашање е одамна игнорирано од моја страна, иако имам одговор за истото. И не само на тебе туку и на сличните како тебе, како и на сите други кои поставуваат понижувачки и малициозни прашања (вклучувајќи и бесмислени прашања во твојот случај) тие по автоматизам се игнорираат.
Тешка глупост. Нема апсолутно ништо понижувачко во моето прашање! Тоа што немаш одговор а си премногу суетен да го признаеш тоа е твој проблем. Секој што е објективен и непристрасен лесно ќе увиди дека се работи за обично прашање, не е насочено ниту кон одредена личност, ниту кон одредена група. Прашањето посочува на неколку стихови од куранот и прашува како го објаснувате фактот што според истите, испаѓа дека ѕвездите се поблиску до земјата од сонцето и месечината.

Не е страшно да незнаеш, страшно е кога своето незнаење го оправдуваш и браниш со обвинување за нешто кое нема основа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki