Кој е сега нефер? За љубовна врска зборувам, не за да бидат нечиј сексуален објект.
Извини ама дали си свесна колку луѓе се земаат со партнерот/партнерката само заради тоа што сексот им е предобар? Ако јас имам фетиши и партнерката сака да ми ги исполни/ги исполнува, нормално дека ќе продолжам да се гледам со неа па и ќе се земам. Ако на некој му е фетиш такво нешто, зошто да не започне љубовна врска со некого? Баш пред некој ден коментиравме тоа со едни колеги, едниот спомна дека прочитал некаде дека голем процент на мажи се изјасниле дека пре би се земале со жена која е добра во кревет отколку со жена со која си го имаат муабетот. Еден од колегите се изјасна дека се што му е најважно кај партнерката е тоа да го сака и да биде добра во сексот (види, не го бива секој за таа работа, настрана искуството и се друго, во сексот или те бива или не те бива, се разбира може да се подучи да се поправи али ипак, како викаат или ја имаш ватрата или ја немаш), додека другиот упорно му упаѓаше во збор и беше за тоа дека треба да се избере партнерка која ќе ги сфаќа твоите амбиции, ќе биде комуникативна, ќе биде забавна во друштво и слично.
Ако одредена личност има фетиш како што наведе ти, запознае таква личност, зошто да не би можела да започне врска? Ако личноста е океј, фетишот го исполнува, личноста има супер карактер и сл. Имам читано дека некои луѓе се опседнати со тоа да бидат подобри од партнерот, да бидат посовршени, да го прават партнерот да изгледа како the bad guy, а тие самите демек се невини, кревки, премногу добри. Така да, има секаков тип на луѓе.
Секој може да биде нечиј сексуален објект. Не значи дека ако некоја девојка е во врска со некој инвалид еве рецимо, таа е со него само ради тоа што има разни фетиши, перверзна е, се пали на такви работи. Па и да има фетиши, ако е спремна да биде со него, да го почитува и се друго што доаѓа во една врска, who cares? Можеби некој има фетиш за големи гради, а ти еве имаш бујни гради, дали тоа значи дека типот е лош човек? Дека има фетиши и дека не е способен да те сака или само те искористува? Јас не мислам така. То ест, можеби, ама не мора да значи.