Језива дилема

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
Мислам дека не е фер за вакви прашања, сигурно форумов го посетуваат и читаат луѓе со некаков хендикеп, дали се во инвалидска количка или др...не е убаво...

Не исмевам никој, баш напротив, сакам да ги охрабрам и да им дадам до знаење дека има луѓе на кои им е битен нивниот карактер, а не физичката состојба. На пример јас. Затоа и зачнувам овакви теми, верувам дека има и други кои не би имале проблем со тоа.
Ако сметаат и модераторите дека ќе предизвикам било какви негативни емоции кај некој, слободно нека ме бришат.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Знам дека немаш намери никого да исмеваш, но да размислуваме за нешто како би било кога би се нашле ва таква ситуација, па ни за размислување не е пријатно...да оставиме секој со своја судбина и среќа нека се соочува и размислува што би правел.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Толку од муабетов? Сите би останале со партнерот, срцки. Ај да зачиниме малку...
Доаѓате во бар и налетувате на некоја супер личност. Зборувате цела вечер, се смеете, флертувате, чувствувате некоја неверојатна хемија, нешто кое никогаш не сте го почувствувале во животот си никој. Доаѓа време личноста да си замине од местото. Следува шок. Она што не сте успеале да го приметите во целиот тој занес е дека личноста седи на инвалидска количка. Дали би продолжиле да се гледате со особата?
Во таква ситуација сигурно дека ќе ти треба првин да размислиш убаво што си подготвен да жртвуваш и кој ти е прагот на толеранција. Не можеш да носиш инстантно одлуки кои ти го дефинираат животниот правец, посебно не кога свесно треба да оставиш свој залог и да жртвуваш нешто.

Инаку да се надоврзам и јас со приказните. Јас познавам еден пар, сега се во брак, каде што девојката се заљубила во момак во количка. Со години ја убедувале од дома да престане да се гледа, правеле муабет со неа да ја оттргнат па дури и момчево понекогаш намерно пробувал да се оддалечи свесен дека многу ја кошта времето поминато заедно. Но девојката покрај целиот притисок не се откажа и на крај сите ги прифатија и си се омажи за него. :)
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Толку од муабетов? Сите би останале со партнерот, срцки. Ај да зачиниме малку...
Доаѓате во бар и налетувате на некоја супер личност. Зборувате цела вечер, се смеете, флертувате, чувствувате некоја неверојатна хемија, нешто кое никогаш не сте го почувствувале во животот си никој. Доаѓа време личноста да си замине од местото. Следува шок. Она што не сте успеале да го приметите во целиот тој занес е дека личноста седи на инвалидска количка. Дали би продолжиле да се гледате со особата?

Тешко би одело тоа на тој начин пошто количката тешко се камуфлира и би било очигледно од старт, повеќе има логика да биде некој друг недостаток во прашање кој не би бил воочлив од прва, да речеме протеза наместо нога под коленото и слично...е сега настрана тоа, зависи од човек до човек, што се однесува до мене либидото веднаш би било егзекутирано при самото гледање на количка така да не би можел такво нешто, тоа е автоматска реакција некаква.
А вториот пример со протеза не би имало таков проблем, сепак има голем степен на автономност кај особата...
 
А ако стварно осетиш поврзаност со личноста како никогаш досега(за случајот со количката)?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А ако стварно осетиш поврзаност со личноста како никогаш досега(за случајот со количката)?

Премногу апстрактна ситуација ми е, ама тешко во секој случај... не знам како би можело да се случи таква ситуација...:^)
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
А ако стварно осетиш поврзаност со личноста како никогаш досега(за случајот со количката)?
Прочитав дека има луѓе кои за фетиш им се инвалиди, луѓе без некој ектремитет и сл....така да се е можно.
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
Прочитав дека има луѓе кои за фетиш им се инвалиди, луѓе без некој ектремитет и сл....така да се е можно.

Кој е сега нефер? За љубовна врска зборувам, не за да бидат нечиј сексуален објект.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Кој е сега нефер? За љубовна врска зборувам, не за да бидат нечиј сексуален објект.
Извини ама дали си свесна колку луѓе се земаат со партнерот/партнерката само заради тоа што сексот им е предобар? Ако јас имам фетиши и партнерката сака да ми ги исполни/ги исполнува, нормално дека ќе продолжам да се гледам со неа па и ќе се земам. Ако на некој му е фетиш такво нешто, зошто да не започне љубовна врска со некого? Баш пред некој ден коментиравме тоа со едни колеги, едниот спомна дека прочитал некаде дека голем процент на мажи се изјасниле дека пре би се земале со жена која е добра во кревет отколку со жена со која си го имаат муабетот. Еден од колегите се изјасна дека се што му е најважно кај партнерката е тоа да го сака и да биде добра во сексот (види, не го бива секој за таа работа, настрана искуството и се друго, во сексот или те бива или не те бива, се разбира може да се подучи да се поправи али ипак, како викаат или ја имаш ватрата или ја немаш), додека другиот упорно му упаѓаше во збор и беше за тоа дека треба да се избере партнерка која ќе ги сфаќа твоите амбиции, ќе биде комуникативна, ќе биде забавна во друштво и слично.
Ако одредена личност има фетиш како што наведе ти, запознае таква личност, зошто да не би можела да започне врска? Ако личноста е океј, фетишот го исполнува, личноста има супер карактер и сл. Имам читано дека некои луѓе се опседнати со тоа да бидат подобри од партнерот, да бидат посовршени, да го прават партнерот да изгледа како the bad guy, а тие самите демек се невини, кревки, премногу добри. Така да, има секаков тип на луѓе.
Секој може да биде нечиј сексуален објект. Не значи дека ако некоја девојка е во врска со некој инвалид еве рецимо, таа е со него само ради тоа што има разни фетиши, перверзна е, се пали на такви работи. Па и да има фетиши, ако е спремна да биде со него, да го почитува и се друго што доаѓа во една врска, who cares? Можеби некој има фетиш за големи гради, а ти еве имаш бујни гради, дали тоа значи дека типот е лош човек? Дека има фетиши и дека не е способен да те сака или само те искористува? Јас не мислам така. То ест, можеби, ама не мора да значи.