Не е прoблем де, ете си признaвaм не гo гледaв филмoт и требaше дa си ќутaм. Прифaќaм ремет дoдекa гo изгледaм филмoт.
Пa зa рaзликa oд тoј штo викaше дa видиме нa Кaјгaнa, се рaзбирaм.Јас обично не „задевам” некого ако не си го бара - ако одиш поназад со мислењата, ќе видиш кој беше прв што почна со муабетите „јас се разбирам од филмови, вие не”.Со други зборови - автогол (на прилепски - сам си го кладе).
![]()
Со други зборови - автогол (на прилепски - сам си го кладе).
, не е за филм жената... Некако напорно беше да се прати филмот, фејлнале да ја пренесат причата и престанав да го гледам после некое време...
Јас го сакав филмот заради приказната. Мајк Кејхил има сенс да создаде приказна која ќе ти го задржи вниманието без да трепнеш и која е поразлична од сѐ што Холивуд ни нуди на тацна секојдневно (check: I Origins, also). Е сега, за реализацијата многу се говореше во времето кога се појави, а и подоцна многу се дебатираше по форуми. Исто таква аура на хејтање го пратеше и I Origins лани. Но што да прави човекот? Викаат: колку пари, толку музика. Се работи за мало инди филмче за кое едвај собрал пари да го сними, па затоа морал да крати многу. Знаеш ли дека го снимал во неговиот град, Њу Хејвен, и дека ја ангажирал цела своја фамилија, пријатели и познаници да примат по дома дел од екипата, како би намалил од трошоците? Дури и една од куќите во филмот е наговата лично, т.е. куќата на мајка му. Вилијам Мапотер се согласил да глуми во филмов за само 100$ дневница! Не знам за тебе и останатите, но кога јас гледам нискобуџетен инди филм, подзамижувам троа. 