"Даблинци" - Џејмс Џојс
Збирка раскази во кои се раскажуваат разни приказни со неповрзани ликови кои живеат во Даблин. Ништо посебно, може да послужи за во тоалет за забава при вршење втора.
"1984" - Џорџ Орвел
...on the other hand, masterpiece. Книгава е потешка за читање и потешка за сварување, чисто зошто има премногу тешки филозофии и пораки. Додека ја читав првата половина од книгата се соживував со општата ситуација на Винстон Смит и уште повеќе, со неговото просветлување и мотивирање за подобра мисла и подобар живот. Читајќи, ме инспирираше да се спротиставам кон некои работи во мојот живот. Буквално, успеа да ме мотивира да се борам за тоа што го сакам и што ми следува. Понатаму, се соживував со неговата болка. Сфаќаш дека и покрај се, можеби не следува среќен крај за некого, колку многу и да го заслужува. Сето ова што го кажувам е толку малку... Книгава е преполна со интересни филозофски гледања, од самиот систем на Партијата, животот кој го наметнува, поделбата на слоеви во општеството, перпективата на војна и мир, создавањето и бришењето минато, што е тоа всушност минато, што е свест, мисла, слобода... Ја читаш и доживуваш турбуленции во мозокот и душата. Морам да ја прочитам повторно наредна година... и за две години... и за три...