Сакам да кажам/Сакам да прашам

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Си гледам јас така една нискобуџетна шпанска сапуница и си читам книга. Напоредно, перципирајќи ги обете совршено. И во еден момент... клик, нискобуџетната шпанска сапуница ми го привлече сето свое внимание.
Две девојки, цимерки, разговараат за некои бош љубовни проблеми, а едната на другата ѝ вика „Yo creo que tengo que estar borracha para estar a la altura de esta conversación..“, што во превод би му дошло „Мислам дека треба да се испијанам за да можам да бидам на нивото кое го бара овој разговор“.
И да ви кажам право... цела серија не им вреди колку оваа реченица... бар мене не ми вреди, затоа што многупати досега на моите соговорници сум сакал да им го кажам ова... всушност, сум имал потреба некако да им доловам дека не успевам да ги следам, ама не сум знаел како... еве од сега ќе сега знам...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како може шината нога и најверојатно наместена еве веќе 6ти ден да е отечена и уште да боли?
Не е наместена :) Отокот после местењето трае уште ден-два, а болките... ќе си потраат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ич не сакам кога работи се случуваат по инерција, затоа што така треба да биде. Убива тоа, монотоно е. Сите знаат дека ќе се случи поради пресметливоста на факторите кои влијаат врз тоа случување ама сите одбиваат да прифатат дека можеби постои фактор кој не е пресметлив или не го гледаат. И така, почнав да барам промени насекаде и да сакам непресметливи работи повторно. После долго време престанав и јас да правам пресметки и бесцелни анализи за се` и сешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Saladin

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Јапонциве измислија ли веќе некој робот што ги врши сите домашни работи и спрема за празници?
Колку многу работа имам што само еден таков робот ми е спас :/
И што е со луѓево бе само сарма ли ќе јадат за нова година? Човек да не може мелено месо да си купи
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јапонциве измислија ли веќе некој робот што ги врши сите домашни работи и спрема за празници?
Колку многу работа имам што само еден таков робот ми е спас :/
И што е со луѓево бе само сарма ли ќе јадат за нова година? Човек да не може мелено месо да си купи
Направи ја посна сармата и нема да ти треба мелено месо.
Башка, добра домаќинка набавува сѐ навремено и си замрзнува, а не 5 до 12 :p