Сакам да кажам дека интонацијата воопшто не се доловува со : леееелеее мааа, што збориииш?
Дури и да се доближи малку до интонацијата во реалниот живот, воопшто и не е важна за виртуелен форум. Поважно е тоа што е содржано во самиот коментар.
Истиот може да биде напишан и без празни места после запирките, без голема буква после точка. Можеби ќе биде потешко да се прочита таквиот текст, но во никој случај нема да може да се оспори содржинскиот квалитет на иститот, па таквите пропусти секој ќе ги занемари.
За постовите на форумов никој не плаќа лектор да ги прегледа, па потоа да се кликне „Испрати мислење“, се кладам дека и водиме оние кои никогаш не си го препрочитуваат постот пред да кликнат „Испрати мислење“ па затоа потоа кога ќе видиме кои грешки сме ги направиле, и како некоја мисла ни отишла во сосем различен правец од она што првобитно сме сакале да го кажеме, па затоа ваквите пропусти кои погоре ги набројав... се разбирливи.
Она што со денови се обидувам да го сфатам(откако почнав поактивно да ги читам постовите по темите) е зошто, некој човек, упорно и упорно бара квалитетна дискусија, а секоја можност за истата ја убива, со своите „лилаааа“ постови.
И официјално, се откажувам од пишување постови на теми на кои ќе се појават одредени членови. Дури не ни реплицирам ако ме тагнат или слично.
Прстиве не планирам да ги трошам на некој што не го чита исцело постот, или некој што воопшто нема намера да го разбере она што е во постот, туку едноставно...си води некоја модифицирана форма на монолог.
Ова најмногу важи за
@diva orhideja и
@BioTrpe