Дали сте задоволни од нашето здравство?

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Штодека се унапредува опремата кога кадарот е идиотски? Односот ужасен?
Еве кога веќе ме праша погоре, жена ми имаше добар третман првите два пати во породилно бидејќи бабиците уште што не им паркирав по едно Пежо пред болница. Првиот ден избезумен од среќа не им дадов ништо, не ја ни погледнале, потоа постарите ме поучија, па отидов со пари, подароци, виски, и потоа ја гледаа како кралица.
Унапредување на здравството... еве да ти кажам право, направија нова измена во законот, и јас не можам месечно да земам доволно апчиња, колку што ми се препишани од доктор, бидејќи не дозволува системот. И? Тоа добро е?
Еве ти уште еден „изолиран пример“.
Доктор Лазе на пластична хирургија пред неколку месеци оперираше девојче на градата од кожна циста. Ѝ умртви крвни садови. Девојчето несвесно за тоа што ѝ се случува, следејќи ги упатствата за 15 дена да ги извади конците на друго место бидејќи типот заминувал на одмор, си ги вади конците, после 2-3 дена ѝ се отвара жива рана на местото, прави ургентен упат, оди кај докторот што му бил на замена на Лазе, и е брутално избркана од ординација, не била негова одговорност, одговорност на Лазе била, па ја натераа да го чека докторот да се врати од пат, со отворена жива рана на неа. Нормално, не чекаше, отиде во Систина, и моментално ја правеше третата операција за да успеат да ги „оправат„ сите грешки на докторот.
Знаеш ли колку вакви случаеви има? Тоа ти зборува за добро здравство? Мене не.
Ееееееее браво...пари, виски, подароци..после цацко ни е крив...мито и корупција во здравство па и во судство, друга тема..сам си крив, знаеш дека има пријава за мито и јавно ке бидат обелоденети, ама кој да оди во МВР, научени од постарите со такви обичаји,Македонски синдром останат од Албанците кои први ги подмитуваа а и ги научија докторите на такви навики за мито.Ја познавам милиони случаи каде и сиромави луѓе, не како тебе што можат да си приуштат и Пежо да поклонуваат, се породиле лесно, без проблеми и без никакви надоместоци.
Какви ти се тие апчиња што не ти стигаат доволно, кажи ми како се викаат?? Секоја терапија кај хронични болни се издава со рецепти за три месеци важност, нема проблем со лекови никакви, едино твојот матичен лекар да не те обавестил погрешно.Досега имаше огромна злоупотреба на лекови, правење на домашни аптеки на кои ке им изминеше рок на употреба.
Др.Лазе Новевски е пластичар кој од Воена болница отиде на клиника и искрено досега немам слушнато незадоволен пациент....но се е можно,ама да ме избрка некој брутално како што велиш, е богами по весници ќе го пишувам, нема да оставам така...пак е се до народот вината.
Дали знаеш колку пациенти згрешени во систина се вратиле на клиника или во другите здравств.установи, што мислиш дека таму не грешат!??
Абе приватниве болници ги направија рудници за пари, тоа докторите таму претворени се во пари, цел божји ден работат само за да заработат оти не им е никогаш доста, мегаломани а далеку се од хумани...несакам да зборувам за тоа...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153

Абе што зборуваш ти? Жена ти е во болница каде што лежи во кревет сѐ уште неизмиена од крвта во која што се пораѓала, не може да стане да се избања, и јас ќе одам во МВР да пријавам? Кој има мозок да мисли на тоа? А кога јас во МВР ќе пријавам одма ќе дојдат и ќе ја измијат... Никој не размислува на пријави во тој миг, туку само да си олесни на најмилото што го има.
Асентра се викаат.
Др. Лазе Новески е по потекло од Кичево, признат како еден од најдобрите пластични хирурзи во Македонија, сме фаќале врски да стигнеме до него, требаше да се чека 1 месец за операцијата, ама се нафати типот пред да замине да го оперира девојчето. И ти си ми малку чудна. Девојче на некои 17 години, со отворена рана на себе, ќе мисли да оди по весници? Родителите не знаеа кај се наоѓаат од избезуменост... а тие во државна болница си ги ладеа. И не е дека не се презеде никаква иницијатива против докторот што му беше на замена, ама џабе ни е, сме немале доказ дека тоа навистина се случило, на листот пишувало дека направиле преврска на местото и пишале да дојде на контрола за 2 дена. :)
Ете ти го совршеното здравство. Девојче на 17 години, осакатено засекогаш на градата, со дупка, без сон со месеци, а Лазе и сите тие седнати на фотелји, и пијат кафе и се договараат како на најбезболен начин да ги скријат своите пропусти.
Во Систина и во било која друга ординација приватна барем се однесуваат со мене како човек, а не како со магаре.
 
Наместо во МВР побрзо ти беше до продавница по виски и бонбониери, такаа!??Дај молимте ..и после пораѓај нема потреба да станува ниту да се бања.
Е добро де, и што е проблемот со Асентрата?
Никогаш не реков дека имаме совршено здравство, се обидов да направам само една споредба, се обидов да кажам дека одиме напред ама не успеав, ми пресековте на обидите со вашите гледишта на само негативните страни а никој не спомна и друга позитивна страна.
Досега не сум се почувствувала во ниедна наша државна здравств.установа како магаре , ниту сум била понижена, ете незнам, можеби јас имам повеќе среќа од тебе.
 
Еве јас ти кажувам дека поради ебеното наше здравство ја изгубив мајка ми на нејзини 48 години. Изгубив другар на 29 години. Сестра ми беше на конец ставена. Полични информации немам изнесено јавно на форумов, ама ако, само за да сфатиш дека од вака изгорен човек не може да очекуваш да ти види нешто убаво во здравството кое патем ништо убаво не му дало.
Да, побрзо беше да отидам и да купам сѐ за што имав пари да купам и барем чаршафот крвав да ѝ го сменат и да ја избришат.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Еве јас ти кажувам дека поради ебеното наше здравство ја изгубив мајка ми на нејзини 48 години. Изгубив другар на 29 години. Сестра ми беше на конец ставена. Полични информации немам изнесено јавно на форумов, ама ако, само за да сфатиш дека од вака изгорен човек не може да очекуваш да ти види нешто убаво во здравството кое патем ништо убаво не му дало.
Да, побрзо беше да отидам и да купам сѐ за што имав пари да купам и барем чаршафот крвав да ѝ го сменат и да ја избришат.
Жал ми е за мајкати но јас имав друго искуство, да не беше докторскиот тим една кобна вечер и да не реагираше брзо и професионално ке ме немашеи мене и моите најмили..и уште многу други случаи каде брза и стручна интервенција спасила животи...да не ги ставаме сите генерално во исти кош.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па кога збориме за Здравствен систем збориме за целина. Тоа што тебе те спасиле и си ја извршиле обврската е убаво, ама само поради тоа што те спасил еден тим не можеш да кажеш дека цел систем не е пропаст. Ако ги вагаме позитивните и негативните случки на народот не ми изгледа дека владее општо задоволство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тоа е таа патолошка лоботомирана партиска енклава од послушници. Искрено на почетокот по малце се сомневав во мислењата на Аутрајдерот, но после прочитаново од Орхидеја, ништо не ме чуди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Аркантос

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Па кога збориме за Здравствен систем збориме за целина. Тоа што тебе те спасиле и си ја извршиле обврската е убаво, ама само поради тоа што те спасил еден тим не можеш да кажеш дека цел систем не е пропаст. Ако ги вагаме позитивните и негативните случки на народот не ми изгледа дека владее општо задоволство.
За да има општо задоволство треба уште многу да се работи, но дека има напредок и се тежнее кон тоа, а се разбира дека треба сите да помагаме и како пациенти и како луѓе е темата за која сакав и да кажам.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тоа е таа патолошка лоботомирана партиска енклава од послушници. Искрено на почетокот по малце се сомневав во мислењата на Аутрајдерот, но после прочитаново од Орхидеја, ништо не ме чуди.
Зошто спомнуваш партиска послушност, од каде стално тоа го спомнувате??
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За да има општо задоволство треба уште многу да се работи, но дека има напредок и се тежнее кон тоа, а се разбира дека треба сите да помагаме и како пациенти и како луѓе е темата за која сакав и да кажам.
Хипотетички да замислиме:
Син ти е на интензивна нега, минути се во прашање за неговиот живот. Гледаш дека тимот не реагира како што треба т.е. не се замараат за син ти. Што правиш? Одиш во МВР да им кажеш „Оние во болница не се замараат за син ми.“? Не, туку гледаш некако да ги заангажираш. За жал така функционира системот и тоа не води кон напредок.