Чет муабети (ти реков-ми рече)

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Само се реален и искрен соговорник може да си ги бранам ставовите...кога имаш одспротива човек кој гледа на секој начин да те омаловажи и тебе и држава и народ, тогаш попаметниот бега.Насловот за насилство во породилиштата можеше да се смени во искуства при породувањата, убави , неубави, ама она беше тенденциозно и невистинито...ете, ти имаш деца, пренеси некое искуство од женати, дали ке се фали или навистина имала насилен третман.
А ти ич не омаловажуваш, нели? Твоите коментари, ете на пример баш во таа тема ич не се тенденциозни, така?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Еве јас сум реален, и ќе ти кажам неколку лични искуства во врска со нашето здравство, па ајде да видиме :)
1. Мајка ми почина затоа што седум пати ја вратија од државната болница во Кичево дома под изговор дека треба да одмара, има хроничен замор, а таа веќе го имала доживеано вториот слаб мозочен удар, по кој следеше трет мозочен удар што ѝ ја парализира цела лева страна, во Скопје во државната болница, кога ја однесовме си се смееа на докторите во Кичево едно пола час, а потоа ни ги соопштија информацииве што претходно ти ги кажав.
2. Најдобар мој пријател почина од сепса бидејќи пијан доктор наместо да го отвори како што треба кај слепото црево, пресекол малку погоре, и потоа го повлекол и ги скинал цревата. Сѐ уште се тужат неговите.
3. Сестра ми за малку ќе ги изгубеше близнаците затоа што лошо го пресметале терминот, па ги надноси.
.... Сакаш уште? :)
За лекарски грешки можевме да отвориме тема, дури и јавно со име и презиме да си ги кажеме докторите кои се огрешиле во својата специјалност, кои загрозиле живот, посебни изолирани случаи, ни цело здравство комплет да се тура како нефункционално и дека нема напредок со унапредување на опрема, кадар и др. е друго прашање на кое нема везе едно со друго.

А ти ич не омаловажуваш, нели? Твоите коментари, ете на пример баш во таа тема ич не се тенденциозни, така?
Во право си, тенденциозно бев саркастична.
 
Последна промена од модератор:

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
За лекарски грешки можевме да отвориме тема, дури и јавно со име и презиме да си ги кажеме докторите кои се огрешиле во својата специјалност, кои загрозиле живот, посебни изолирани случаи, ни цело здравство комплет да се тура како нефункционално и дека нема напредок со унапредување на опрема, кадар и др. е друго прашање на кое нема везе едно со друго.
Штодека се унапредува опремата кога кадарот е идиотски? Односот ужасен?
Еве кога веќе ме праша погоре, жена ми имаше добар третман првите два пати во породилно бидејќи бабиците уште што не им паркирав по едно Пежо пред болница. Првиот ден избезумен од среќа не им дадов ништо, не ја ни погледнале, потоа постарите ме поучија, па отидов со пари, подароци, виски, и потоа ја гледаа како кралица.
Унапредување на здравството... еве да ти кажам право, направија нова измена во законот, и јас не можам месечно да земам доволно апчиња, колку што ми се препишани од доктор, бидејќи не дозволува системот. И? Тоа добро е?
Еве ти уште еден „изолиран пример“.
Доктор Лазе на пластична хирургија пред неколку месеци оперираше девојче на градата од кожна циста. Ѝ умртви крвни садови. Девојчето несвесно за тоа што ѝ се случува, следејќи ги упатствата за 15 дена да ги извади конците на друго место бидејќи типот заминувал на одмор, си ги вади конците, после 2-3 дена ѝ се отвара жива рана на местото, прави ургентен упат, оди кај докторот што му бил на замена на Лазе, и е брутално избркана од ординација, не била негова одговорност, одговорност на Лазе била, па ја натераа да го чека докторот да се врати од пат, со отворена жива рана на неа. Нормално, не чекаше, отиде во Систина, и моментално ја правеше третата операција за да успеат да ги „оправат„ сите грешки на докторот.
Знаеш ли колку вакви случаеви има? Тоа ти зборува за добро здравство? Мене не.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
За да дојдам до коментарот на кој сум цитирана пола саат читав, ослепев ..
Ќе си кажам лично мислење за поставеноста на членовите кон мене.
На почетокот дури и ми се нафрлаа со потсмев, навреди . Пред некое време испаднав неписмена, плачка, неодредена со ставови, досадна.. Можеби. Нека. Секој со свое мислење.
-неписмена зошто? Зошто тоа што го пишувам не кажувам дека од "Јуримте Соколов" докажано ..
-плачка зошто се контрам и неодредена со ставови зошто кога ќе ми се докаже со факт дека не сум во право мењам мислење?

#Доста членови овде кои мислев дека се контраат и имаат негативна слика за мене се покажаа за позитивни личности..#
А тие на почетокот што си ме прифатија се се поблиски со мене.
Мене не ми треба мн, поштовање и позитивна енергија и. . Веч си воспоставил контакт со мене ;)
А тоа што сум уште активна е заради тоа што имам цврст став, не сум плачка и не бегам ако некој ми каже вистина, факт за кој не сум во право !!! ;)
А дека се контрале со мене. Уште од почетокот се контраат..
Било како било сум навредила ако може да се каже за навреда еднаш а тоа беше поради тоа што еден член нема ниту еден асален коментар. Се е навреди, плукања..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and BioTrpe

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Оти да не ја прифатиме, еве нека си каже дејчето @malozauvek што лошо ти направија на форумот? Јас колку што знам активна си е.

Не знам што очекуваш, сите да стискаме лајкови на секое мислење? Не оди тоа така бе трпе. Ти освен темата за вегани и што ме цитираш мене насекаде имаш ли друго пишано? Не. Што да прифатиме од твоите мислења? Свесен си дека не може сите да имаат исто мислење со тебе, нели? И дај молим те престани со ова изигравањето жртва. Ако сакаш да цмиздриш како си бил угнетен завиткај се и цмиздри. Ако сакаш да пишуваш на форум биди спремен да си ги браниш ставовите без цмиздрење.

За тебе лично ќе кажам .
Мислев дека си нарцис кој сака се да е по негово не му одговара ако некој му се сконтра.. а се испостави спротивното.
А бе луѓе мене ако секој ми оди по писките, ако не се појави бар еден да се спротистави на мојот став (без провокација и навреда) не ми е интересно. Сакам долга дискусија без навреди и караници...
Ама овде таква дискусија нема!!
Овде кога ке се спротистават ставовите доаѓа до: "толку си неписмен/а глуп/а што..." као демек тој што кажува е најучен, нема пописмен од него.
Се на се интересен е форумов ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
За тебе лично ќе кажам .
Мислев дека си нарцис кој сака се да е по негово не му одговара ако некој му се сконтра.. а се испостави спротивното.
А бе луѓе мене ако секој ми оди по писките, ако не се појави бар еден да се спротистави на мојот став (без провокација и навреда) не ми е интересно. Сакам долга дискусија без навреди и караници...
Ама овде таква дискусија нема!!
Овде кога ке се спротистават ставовите доаѓа до: "толку си неписмен/а глуп/а што..." као демек тој што кажува е најучен, нема пописмен од него.
Се на се интересен е форумов ;)
:) И јас сакам такви дискусии, ама секој пост да е нова информација, нов факт, нов аргумент.
Кога почнуваат да се самоцитираат мислења мила моја...досадно е :)

п.с. не си единствена што така си мислела за админов :)
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
:) И јас сакам такви дискусии, ама секој пост да е нова информација, нов факт, нов аргумент.
Кога почнуваат да се самоцитираат мислења мила моја...досадно е :)

п.с. не си единствена што така си мислела за админов :)
Да се самоцитираат мислења..?