Насилство во породувалиштата

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Некои нешта кои се случуваат денес не би се случувале ни во минатиот век, на пример мене вагинален преглед ми вршеше сестра со долги нокти, па замислете колку болеше тоа. Додека барав да викне друга сестра, некоја со исечени нокти, таа уште и шамар да ми удреше, ми се развика и јас морав да трпам. Истата сестра, кога ги добивав првите напони, си решаваше крстозбор и ме убедуваше дека рано ми е да родам, а детето веќе беше скоро излезено.
Второто кога го раѓав ме оставија така откриена на боксот да лежам, почнав да се пораѓам, докторката доцнеше некоја минута, едната сестра отиде да ја бара, другата стоеше до мене. Влегоа професорка и двајца студенти, влезе и чистачка, а вратата си остана отворена, ми стана непријатно од нивните ококорени погледи и ја спуштив нокницата која ја носев, а сестрата ме откри веднаш, апа уште и ко да сум ненормална што се покривам и срамам, сум раѓала и нормално било кој што стигне да се ѕвери.

Затоа здраво покажување заби, да видиш како ќе бидат фини.
На моја познаничка ѝ се собрале цела екипа доктори и се восхитувале колку ѝ била убава. Ова сериозно.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Затоа здраво покажување заби, да видиш како ќе бидат фини.
На моја познаничка ѝ се собрале цела екипа доктори и се восхитувале колку ѝ била убава. Ова сериозно.
Затоа треба задолжително и таткото на детето да присуствува, колку и да сака жената да покаже заби, во таква состоба не се може многу, сепак самиот страв во тие моменти те тера да ги слушаш и да правиш што ке ти кажат.
Мислам дека кога и мажите би биле покрај жените во тие моменти, нештата не би биле исти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe and Big Berta

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Затоа треба задолжително и таткото на детето да присуствува, колку и да сака жената да покаже заби, во таква состоба не се може многу, сепак самиот страв во тие моменти те тера да ги слушаш и да правиш што ке ти кажат.
Мислам дека кога и мажите би биле покрај жените во тие моменти, нештата не би биле исти.

Апсолутно. Не мислев трудницата да покаже заби, туку личноста што ќе дојде со неа, која и да е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061

Jas mislam da ne se pokazuvaat zabi i da nema nasilstvo vo poroduvalishtata, tuku site da se poragjame doma bez nasilstvo, pa moze i mazite da si gi poroduvaat zenite. Ne odete vo bolnici , samo doma mu e majkata.
Mladi zeni, devojki, ragjanjeto e ubav cin i nema nisto nasilno vo toa, samo psihickata podgotvenost za ragjanje, emocionalniiot odnos kon tatkoto na deteto mnogu vlijae na dozivuvanjeto na poroduvanjeto. Traumite na doziveano nasilstvo od bilokoja priroda ima dlaboki koreni vo minatite zivoti.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Затоа здраво покажување заби, да видиш како ќе бидат фини.
На моја познаничка ѝ се собрале цела екипа доктори и се восхитувале колку ѝ била убава. Ова сериозно.
Poznanickata tvoja ima bujna fantazija i zelba za vnimanie i nedovolen sex i skriena sexualna fantazija so uniformirani mazi.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe and diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Некои нешта кои се случуваат денес не би се случувале ни во минатиот век, на пример мене вагинален преглед ми вршеше сестра со долги нокти, па замислете колку болеше тоа. Додека барав да викне друга сестра, некоја со исечени нокти, таа уште и шамар да ми удреше, ми се развика и јас морав да трпам. Истата сестра, кога ги добивав првите напони, си решаваше крстозбор и ме убедуваше дека рано ми е да родам, а детето веќе беше скоро излезено.
Второто кога го раѓав ме оставија така откриена на боксот да лежам, почнав да се пораѓам, докторката доцнеше некоја минута, едната сестра отиде да ја бара, другата стоеше до мене. Влегоа професорка и двајца студенти, влезе и чистачка, а вратата си остана отворена, ми стана непријатно од нивните ококорени погледи и ја спуштив нокницата која ја носев, а сестрата ме откри веднаш, апа уште и ко да сум ненормална што се покривам и срамам, сум раѓала и нормално било кој што стигне да се ѕвери.

Си имала и среќа што само се работело за болка:ladno, некој ќе си рече `голема работа, долги нокти` ама во средини кои треба да бидат стерилни тоа е ужасно неодговорно. Којзнае колку бебиња и пациенти (не само во породилно) имале настрадано поради таква `ситница`...

http://www.nytimes.com/2000/03/24/us/study-links-bacteria-long-nails-and-baby-deaths.html

Не ми се верува која дебилана, чуваат долги нокти или вештачки ставаат а учеле демек медицински школи ова она (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Jas mislam da ne se pokazuvaat zabi i da nema nasilstvo vo poroduvalishtata, tuku site da se poragjame doma bez nasilstvo, pa moze i mazite da si gi poroduvaat zenite. Ne odete vo bolnici , samo doma mu e majkata.
Mladi zeni, devojki, ragjanjeto e ubav cin i nema nisto nasilno vo toa, samo psihickata podgotvenost za ragjanje, emocionalniiot odnos kon tatkoto na deteto mnogu vlijae na dozivuvanjeto na poroduvanjeto. Traumite na doziveano nasilstvo od bilokoja priroda ima dlaboki koreni vo minatite zivoti.
Шо има врска емоционалниот однос кон таткото со однесувањето на персоналот?
Колку сакаш биди психички подготвен, кога ќе дојди чистачката да ти речи рашири нозете за да те “измие“ со вода во пластично шише од фанта, достоинството ќе ти се помножи со нула. Присобери такви “ситни“ дешавки еден куп.... и шо да ти расправам.
Среќа шо љубовта кон детето е бескрајна, па кога ќе си го земиш во раце, сѐ се заборава.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
А многу интересна работа е шо тие истите доктори работат и во приватните клиники, ама таму знаат поинаку да се однесуваат. Просто да се чуди чоек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А многу интересна работа е шо тие истите доктори работат и во приватните клиники, ама таму знаат поинаку да се однесуваат. Просто да се чуди чоек.
Не е за чудење, јасно е како ден...
Таму ги имаат сите потребни материјали и апарати на располагање....условите се беспрекорни...а да, и најбитниот момент - финансиите...е тоа е најголемата мотивација (cash)...одтука и љубезноста и смиреноста, учтивоста...
А плус за нелепо понашање може одма да биде избркан од приватната клиника, ама државното си е друга прича...ко може болничарките да се понашаат ко шерифи, па што останува за докторите...
Жално, ама вистинито...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue