Некои нешта кои се случуваат денес не би се случувале ни во минатиот век, на пример мене вагинален преглед ми вршеше сестра со долги нокти, па замислете колку болеше тоа. Додека барав да викне друга сестра, некоја со исечени нокти, таа уште и шамар да ми удреше, ми се развика и јас морав да трпам. Истата сестра, кога ги добивав првите напони, си решаваше крстозбор и ме убедуваше дека рано ми е да родам, а детето веќе беше скоро излезено.
Второто кога го раѓав ме оставија така откриена на боксот да лежам, почнав да се пораѓам, докторката доцнеше некоја минута, едната сестра отиде да ја бара, другата стоеше до мене. Влегоа професорка и двајца студенти, влезе и чистачка, а вратата си остана отворена, ми стана непријатно од нивните ококорени погледи и ја спуштив нокницата која ја носев, а сестрата ме откри веднаш, апа уште и ко да сум ненормална што се покривам и срамам, сум раѓала и нормално било кој што стигне да се ѕвери.
Затоа здраво покажување заби, да видиш како ќе бидат фини.
На моја познаничка ѝ се собрале цела екипа доктори и се восхитувале колку ѝ била убава. Ова сериозно.