Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Што фино вака кога двата омилени клуба од ПЛ ми се на првите две позиции
Оваа сезона има потенцијал да биде феноменална, победа на фудбалот над мртвилата на Челзи и донекаде Ван Гал...
Го памти некој Џими Флојд Хазелбанк? Тренер на КПР биднал Дури не ми се веруваше кога го видов на клупа. Првин помислив Пол Инс да не е, ама после го дадоа од близу.
Се сеќавам порано така ептен малку кога ќе погледнев некоја фудбалска емисија, или нешто голови кога прикажуваа и името го запомнив, тие коментаторите само викаа Хазелбанк ова она направил, каков гол дал и затоа.
Слабо Болтон, ништо од кариерата на Нил Ленон во Англија, си мислеше ќе се прослави надвор од Селтик Парк ама се излажа (исто и Хупер, Самарас, Кајал)... Ванијама, Ван Дајк, Вилсон и Форстер барем фатија ПЛ позиции