Кој е тој Јувентус, има да ги растуриме на тоа стадионот нивни никаков. Земале на Емполи им се прават силни, тие не знаат да одат не па фудбал да играат, нив и јас ќе ги победам. Ќе видат за две недели.Јувентус конечно со една убедлива победа, сега вистина над Емполи и после 1:0, ама добро кој ќе го памети тоа, победа си е победа. 1:3. Интер стана како Јувентус лани, голче и доста е после ќе се чуваме, изгледа тоа е формулата за победа (не им љубоморам сега дека се први) Лацио стандард пораз, мада овој пат па Рома им беа противници, другото се си е горе доле реално, стандард две три нерешени, нема некоја местенка колово Вечер Сампдориа и Фиорентина и со победа, Фиорентина ќе си дели прво место со Интер. А прво место 7 бода подалеку од Милан. Следна недела репрезентации, па за две недели Јувентус-Милан.
Јас па вчера собрав еден куп луѓе да го гледаме Милан, па молев пола сат во кафич да го пуштат, па уште пола сат го бараа на стримови, па поврзуваа со тв, па сакаа луѓето да си го гледаат Реал, па едвај направивме компромис и зошто? Ме усрамија до таа мера што морав да глумам дека ми се јаде за да си одам да се спасам од срамот. Мада, со Де Шиљо во состав и сам Исус да е тренер шанса немаат за погоре од 10то, тоа се знае, сите го знаат, го знам и јас, го знаат и тие, ама ете тоВа е. Исто па исто само ќе си ломотам....