Дали криминалец се раѓа како таков или го создава опшеството?

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Томејто томато, уга буга :zelen
Судбина им е тоа, освен ако не им пуштат демократски бомбардирања па да бидат депортирани на некој остров каде што ќе пијат кокоси до крај на живот.

Или ако не развијат свест. ;)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Или ако не развијат свест. ;)
Како да ќе им дозволат да се случи такво нешто. Не дека е невозможно ама шансите да се случи такво нешто се помали од тоа метеор да ти падне среде соба и на него да бидат испишани божјите заповеди на старо-клингонски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Психопатите се раѓаат како такви, it`s nature а колку и какви зулуми ќе направат зависи од nurture и од умот кој го имаат. Рандом убиец кој го фатиле за два дена и политичар кој уништува милиони животи се две лица на психопатијата, едното ретардираното, дугото фенси и поткрепено со интелигенција.
Ако на врвот на општествената и економската пирамида се психопати - нормално дека и системот ќе промовира такви вредности. На тој начин, поединец кој не е психопат но кој има амбиции да стане дел од `друштвото` ќе игра по тие правила и ќе стане социопат.

Ако некој е целосно лишен од можноста за емпатија и има барем троа памет - сите врати на системот се отворени за него.

Еве нешто што имам напишано на друго место, it`s interesting :)

Пред неколку години, сосема тивко и на маргините на медиумското известување - беа објавени резултатите од неколку медицински истражувања кои потенцијално се едни од најважните откритија ever.
Иако истражувањата се сеуште во почетна фаза, импликациите на можното рано откривање на психопатијата каја се појавува кај мал процент на популацијата - би биле неверојатни. Колку идни политичари, турбокапиталисти, бирократи, верски лидери, тешки криминалци, сериски убијци и слични лица би биле навремено спречени во својот злосторнички поход ако се знае дека се психопати уште од млада возраст?

Секако за релевантноста при една претпоставена социолошка анализа на влијанието на психопатијата врз пошироката заедница би требало да се скенира мозокот на репрезентативен број на примероци на горенаведените лица. Пример, влада на одредена земја или управен одбор на корпорација. Што нема да се случи никогаш, бидејќи природно, психопатите не би се согласиле да бидат скенирани...but there`s a start.
А можеби би се пронашла и причината, џенетик трејт или што и да е што предизвикува раѓање на особи делумно или целосно лишени од можност за емпатија. И евентуално, тоа да се третира.

Можностите за заштита на човештвото од делувањето на психопатите треба да имаат приоритет.
Забраната за вршење јавна функција би бил прв чекор за лицата кои би биле идентификувани како психопати. Засилено набљудување и контрола на нивните активности исто така би бил одличен потег.
Во крајна линија, може да се постројат пред ѕид и да се стрелаат.
Во спротивно ќе страдаат милиони луѓе, а други милиони ќе живеат во пекол преку `увезената` социопатија која покрај психопатијата, како што изгледа - е најзначајна карактеристика која овозможува искачување на општествената скала.

Сето ова е само добро познатата стара дилема експлоатирана во некои филмови каде некој лик се враќа во 1889 за да го убие бејби Адолф, менувајќи ја историјата на подобро...само што во светло на наведените откритија, временската машина станува застарена (there`s a pun there, somewhere) и наместо неа во игра стапува скенер со можност за мапирање на мозокот преку магнетна резонанца. Ставање на РФИД чип во телото на откриените психопати и нивно следење низ животот би било од голема корист.
Секако, можноста за грешка никогаш не може да се исклучи потполно. Но со развојот на технологијата и можната превенција - се отвора прилика за спас, за опстанок, за поголем квалитет во животот на милијарди луѓе и драстично намалување на проблемите со кои се соочува светот денес.

Етички импликации?
Дали е стигматизирањето на мал процент деца како психопати проблематично?
Можеби. Но тие деца ќе пораснат во монструми кои ќе ограбуваат, убиваат, силуваат, држат проповеди, масакрираат, јадат фекалии на говорниците на разни парламенти...

Повеќе информации на следните линкови :
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19252152
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2794920/
http://www.dailyrecord.co.uk/news/health/future-psychopaths-can-identified-children-1866106
http://www.huffingtonpost.com/2013/05/02/psychopathic-children_n_3201957.html
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta and existence

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Дали вие мислите дека опшеството влијај врз социјализмот на луѓето или најбитно е домашното воспитување, образовниот кадар?
Ја мислам дека ниокој не е роден како криминалец ниту пак дека добриот човек неможе да стане криминалец