Мислам дека имам кажано, ама во секој случај.... Нема, нема, н-е-м-а ништо полошо од машка трачарка. Одам денес на продавница и ги слушам внатре двајца мажи. Едниов вика абе убаво си поминав вчера ја на свадба ја видов онаа (некоја девојка), ама сама беше дојена, без дечкото, изгледа скарани се и така ми се виде како скиснато млеко. Другиов му вика ааа епа значи скарани се. Првиов пак, а онаа еднана изгледа трудна е, подздебелена ми се виде некако, а и цела чинија со 2 меса и сите компири ги изеде. Вториов пак, сигурно, кај јаде инаку некоја женска толку многу. Па разбрав како од комшијата негов детето си дошло во 3 саат дома, пијано, леле пијаница, пропалица, наркоманиште....
Поарно цел живот стара мома немажена ќе седам, отколку со вакво суштество да завршам. Да земеш и некому да му броиш колку изел, 10 пати да се крстам, пак нема јасно да ми биде. Жени ме нервираат кога оговараат, за мажи ич да не зборувам. Понастрана.