Те разбрав уште на првиот пост,ама ти не ме разбра со гробиштата за стари никови.
Јасно е за оние кој сме стари членови и за оние кој имаат какво-такво искуство со функционирањето на форуми,но треба администрацијата да има во предвид дека не сите идни членови и оние кој само читаат без да се зачленаат немаат толкаво искуство.За нив следењето на постовите ќе биде хаотично,уште позбнувачки е ако се воскреснуваат стари никови,Slb_bobo или Parvati да почне да ги употребува.
Тебе би ти било лесно,познато ти е се,администрација треба да се грижи за сите членови подеднакво и за упатените и за неупатените,односно да го олесни начинот на следење форум,а не да го прави сложен.
Или да се закопаат старите никови и никој да не може да ги користи или да се отстрани алатката за промена на ник.
@ipopovski и останати треба добро да размислат пред да пуштат некоја алатка да биде достапна за членовите,во спротивно ќе имаат многу главоболки.