Мислам дека нема ваква тема.
Муабетот ми е следен. Од каде потекнува нашето чувство на срам?
Срам ми е да им кажам на пријателите дека...
Срам ми е да одам на тоа место затоа што...
Срам ми е да дишам затоа што...
Срам ми е, срам ми е, срам ми е....
Ама зошто?
Која е причината?
Не мислите дека срамот секогаш потекнува од она чувство кога самите себе не си прифаќаме некој дел од себе, некоја мисла, нешто, нешто?
Не верувам дека тоа чувство е во нашиот ИД. Не може да биде. Ако било во нашиот ИД, тогаш на козата ќе ѝ било срам да си игра со храната низ уста до бескрај. Ако било во нашиот ИД, тогаш мачките не би имале односи на тераса кај мене во моментов.
Срам е комплексна емоција која се менува во неколку фази на човековото живеење.Срамот е всушност нездрава,штетна емоција,таа не кочи во многу активности,во многу одлуки,ни го обликува карактерот и некогаш навистина многу ни отежнува......колку ќе биде човек срамежлив зависи од средината во која растел,живеел.од околината, државата...срамот е друштвена творевина,не е насекаде исто....
Порано жените на пр.носеле костими за капење со кои повеќе биле покриени него откриени а сега е срамота да се носат такви бапски костими,сега не е срамно и голи да одат...примеров може да ти делува смешно но поентата ми е дека и срамот се менува со години на живот на планетава.
Постојат срамни и бесрамни луѓе или луѓе кои немаат ни срам ни перде ,како што ќи нарекуваме бесрамниците а тоа зависи од нивното детство,колку нивните родители ги опоменувале и како ги воспитувале своите деца.
Срамежливите луѓе се обично сами,повлечени,неуспешни,тешко наоѓаат партнер и др.Интересно е дека срамот како емоција може да се препознае кај деца од две години.
Форумиве се добри за срамежливи луѓе кои неможат во јавност да се изјаснат или да си најдат пријатели па тука им е полесно како анонимни да си олеснат душа или да се прават силни,да навредуваат а има и што манијачат...ај да не одам у крива насока..