Но не знаеме дали самовилата во Пепелашка е нејзината мајка, можеби е, можеби не е, можеби е нешто трето. Ти веруваш дека е така и го пренесуваш сопственото верување на детето. Што ако сепак постојат самовили? Ние како родители грешиме со тоа што се обидуваме да ги одговориме сите детски прашања. Така се убива фантазијата и креативноста. Што ако верува во работи кои за возрасните им се бесмислени? Не значи дека така ќе стане идиот кој мисли дека светот е хармоничен. И така од сите страни се бомбардирани со негативни вести и глупи човечки политики. Фантазијата ќе ги заштити и ќе им даде можност да веруваат дека светот не е тотално негативен.Не, не ме прашала како дошла на свет. Кога ќе ме праша, ќе кажам дека дошла од љубовта на мама и тато. Нема да ѝ речам дека ја донел штркот.
Самовилите ни се веќе разјаснета тема. Знаеме дека самовилата секој си ја гледа како што сака да ја види. Знаеме дека самовилата во Пепелашка е нејзината мајка, оти мајката никогаш не си ја остава ќерката во важни моменти, дури и да не е присутна, ќе биде во мислите.
Да, ако излезе на сонце може да изгори. Ако излезе облечена по маичка со кратки ракави може да излезе на рацете исто како што може да изгори на грбот. Можам да ѝ го кажам тоа, ама нема да ѝ забранам да се шета без маичка во двор, бидејќи јас умирам на жештинава со платно на мене... зошто да ѝ забранам да си направи да ѝ биде убаво на душичката? Како и да е, нема да изгори. Седи со мене, на трева, под летниковец... од никаде не ја пече сонце.
Јас не реков дека детето ќе си го трупам со приказни за војни, ама нема да му кажам дека го донел штрк. Ниту пак ќе чекам да се сврти за да ја гушнам и бакнам мајка му. Ако ме праша што е смрт, ќе му кажам. Кога ме праша зошто не му давам да игра со пиштол, му кажав.
Децата се многу попаметни од нас и сосема способни сами да оценат што е и како е. Само треба да им се остави слободата да гледаат од сите страни.
Никогаш не сум објаснувала кој е или не е Дедо Мраз. Со време сами си сфатиле.
За облекувањето исто, еве конкретно ќерка ми. Додека беше мала си се шеташе и гола и по гаќи и со маички, секако. Сега е голема па не бара да шета гола, ниту па некогаш ме прашала зошто смее или не смее. Некои работи се просто така, непишани правила и стандарди на цивилизацијата. Не станува збор секогаш за срам, некогаш е тоа само однос кон сопствената интима.
Зошто секој да те гледа гол (и физички и психички)? Не мора сѐ да биде за сечии очи.