Засраменост

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не, не ме прашала како дошла на свет. Кога ќе ме праша, ќе кажам дека дошла од љубовта на мама и тато. Нема да ѝ речам дека ја донел штркот.
Самовилите ни се веќе разјаснета тема. Знаеме дека самовилата секој си ја гледа како што сака да ја види. Знаеме дека самовилата во Пепелашка е нејзината мајка, оти мајката никогаш не си ја остава ќерката во важни моменти, дури и да не е присутна, ќе биде во мислите.

Да, ако излезе на сонце може да изгори. Ако излезе облечена по маичка со кратки ракави може да излезе на рацете исто како што може да изгори на грбот. Можам да ѝ го кажам тоа, ама нема да ѝ забранам да се шета без маичка во двор, бидејќи јас умирам на жештинава со платно на мене... зошто да ѝ забранам да си направи да ѝ биде убаво на душичката? Како и да е, нема да изгори. Седи со мене, на трева, под летниковец... од никаде не ја пече сонце.

Јас не реков дека детето ќе си го трупам со приказни за војни, ама нема да му кажам дека го донел штрк. Ниту пак ќе чекам да се сврти за да ја гушнам и бакнам мајка му. Ако ме праша што е смрт, ќе му кажам. Кога ме праша зошто не му давам да игра со пиштол, му кажав.
Но не знаеме дали самовилата во Пепелашка е нејзината мајка, можеби е, можеби не е, можеби е нешто трето. Ти веруваш дека е така и го пренесуваш сопственото верување на детето. Што ако сепак постојат самовили? :) Ние како родители грешиме со тоа што се обидуваме да ги одговориме сите детски прашања. Така се убива фантазијата и креативноста. Што ако верува во работи кои за возрасните им се бесмислени? Не значи дека така ќе стане идиот кој мисли дека светот е хармоничен. И така од сите страни се бомбардирани со негативни вести и глупи човечки политики. Фантазијата ќе ги заштити и ќе им даде можност да веруваат дека светот не е тотално негативен.
Децата се многу попаметни од нас и сосема способни сами да оценат што е и како е. Само треба да им се остави слободата да гледаат од сите страни.
Никогаш не сум објаснувала кој е или не е Дедо Мраз. Со време сами си сфатиле.
За облекувањето исто, еве конкретно ќерка ми. Додека беше мала си се шеташе и гола и по гаќи и со маички, секако. Сега е голема па не бара да шета гола, ниту па некогаш ме прашала зошто смее или не смее. Некои работи се просто така, непишани правила и стандарди на цивилизацијата. Не станува збор секогаш за срам, некогаш е тоа само однос кон сопствената интима.
Зошто секој да те гледа гол (и физички и психички)? Не мора сѐ да биде за сечии очи.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не, не ме прашала како дошла на свет. Кога ќе ме праша, ќе кажам дека дошла од љубовта на мама и тато. Нема да ѝ речам дека ја донел штркот.
Самовилите ни се веќе разјаснета тема. Знаеме дека самовилата секој си ја гледа како што сака да ја види. Знаеме дека самовилата во Пепелашка е нејзината мајка, оти мајката никогаш не си ја остава ќерката во важни моменти, дури и да не е присутна, ќе биде во мислите.
Не, ако не сакаш да ја лажеш треба да и кажеш дека самовилите веројатно не постојат зошто никој не видел самовила, Пепелашка е измислен лик заедно со Црвенкапа, Снежана и седумте џуџиња. Мислам постојат џуџиња ама тие седум се измислени... ако си принципиелна оди до крај. Немој да ги оправдуваш твоите лаги а да ги критикуваш луѓето што одбрале да објаснат дека сонцето може да те изгори. Да ги нарекуваш лажговци. Не е убаво тоа.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Но не знаеме дали самовилата во Пепелашка е нејзината мајка, можеби е, можеби не е, можеби е нешто трето. Ти веруваш дека е така и го пренесуваш сопственото верување на детето. Што ако сепак постојат самовили? :) Ние како родители грешиме со тоа што се обидуваме да ги одговориме сите детски прашања. Така се убива фантазијата и креативноста. Што ако верува во работи кои за возрасните им се бесмислени? Не значи дека така ќе стане идиот кој мисли дека светот е хармоничен. И така од сите страни се бомбардирани со негативни вести и глупи човечки политики. Фантазијата ќе ги заштити и ќе им даде можност да веруваат дека светот не е тотално негативен.
Децата се многу попаметни од нас и сосема способни сами да оценат што е и како е. Само треба да им се остави слободата да гледаат од сите страни.
Никогаш не сум објаснувала кој е или не е Дедо Мраз. Со време сами си сфатиле.
За облекувањето исто, еве конкретно ќерка ми. Додека беше мала си се шеташе и гола и по гаќи и со маички, секако. Сега е голема па не бара да шета гола, ниту па некогаш ме прашала зошто смее или не смее. Некои работи се просто така, непишани правила и стандарди на цивилизацијата. Не станува збор секогаш за срам, некогаш е тоа само однос кон сопствената интима.
Зошто секој да те гледа гол (и физички и психички)? Не мора сѐ да биде за сечии очи.
Па затоа и реков дека секој си ја замислува како сака... јас ѝ кажав како јас ја гледам Самовилата... Еве син ми, од мал самовилата ја викаше баба Весна. Без јас да му кажам.
Не мислам дека ја убива фантазијата и реалноста, туку само го поттикнува детето да размислува повеќе и да не ја гледа самовилата како детерминирано такво сушстество, бидејќи не сакам кога ќе порасне, во самовилата да бара фактичко постоење на самовилско суштество. Сакам да биде способно да гледа напред од тие описи.
Можеби грешам со начинот на кој што сакам да го постигнам тоа, ама ете, така мислам дека ќе го постигнам.
Во однос на голотијата... таа не оди потполно гола, оди како што оди и кога е на плажа. И нема зошто да ѝ викам дека е погрешно тоа(исто како што ти не си ѝ викала) напротив, баш треба да го прави она што ѝ се прави, сѐ додека не повредува никого, и сѐ додека гледам дека со постапките не се повредува себе си.
Не, ако не сакаш да ја лажеш треба да и кажеш дека самовилите веројатно не постојат зошто никој не видел самовила, Пепелашка е измислен лик заедно со Црвенкапа, Снежана и седумте џуџиња. Мислам постојат џуџиња ама тие седум се измислени... ако си принципиелна оди до крај. Немој да ги оправдуваш твоите лаги а да ги критикуваш луѓето што одбрале да објаснат дека сонцето може да те изгори. Да ги нарекуваш лажговци. Не е убаво тоа.
Во однос на самовилите, погоре кажав, да не се повторувам.
Јас не реков дека си лажго во однос на горењето на сонце. Ама ти кажав, може да изгори и да е со маичка, ќе изгори на носето, на рацете, на ноџињата, ако не се заштити со крема или слично.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Јас не реков дека си лажго во однос на горењето на сонце. Ама ти кажав, може да изгори и да е со маичка, ќе изгори на носето, на рацете, на ноџињата, ако не се заштити со крема или слично.

Сонцето нема да го изгори ако се намачка со крема. Што значи, доколку @malo ја употреби таа реченица, почнува да го воспитува своето дете со лажење. Тоа не е правилно.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
@Io Sono Читај го описот од целиот мој говор. Таа збореше дека детето ѝ оди голо, а ти тоа го даде како начин, како таа да го спречи(ако не сум сфатил добро). Тоа не е начин. Бидејќи и да се облече и да излезе надвор цел ден, ПАК ЌЕ ИЗГОРИ. Значи, маичката како заштита... лага е :)
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не е лага. Едно чудо луѓе е по улици со маички а без крема. Лага е кога викаш дека сите татковци се Дедо Мраз, на пример :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не е лага. Едно чудо луѓе е по улици со маички а без крема. Лага е кога викаш дека сите татковци се Дедо Мраз, на пример :)
Исто има едно чудо луѓе пред двор без маички, и неизгорени.
Исто како што има луѓе со маички и изгорени - жена ми на пример. ;)
Зависи од ситуацијата, не мора да се контраме до крај, нема смисла нештово.
Не сакам детето да се чувствува виновно ако скрши чаша, и да мисли „Дедо Мраз сега нема да ми донесе играчка за Нова Година“. Исто така не сакам да пишува состави за Дедо Мраз кажувајќи му дека сака да има нов велосипед. И тоа што не сакам, тоа го постигнав.

И навистина почнав да се нервирам што објаснувам како си ги воспитувам децата. Ако е погрешно времето ќе покаже.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не се расправаме околу тоа како си ги воспитуваш децата, тоа си е твоја работа. Се расправаме околу двојните стандарди: ти кога не ја кажуваш вистината на детето не лажеш, а останатите лажат. Тоа што ти му го кажуваш на детето за дедо мраз, самовилите, пепелашка... не е ништо друго туку лага, тоа не можеш да го замачкаш. Ако не е вистина, лага е. И тоа е сосема во ред, затоа што децата не мора да ја знаат суровата вистина.

Ама не можеш во исто време да ги обвинуваш другите за лажење и да им објаснуваш како ако ги лажеле децата ќе ги претвореле во идиоти. Не оди тоа така.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дека Дедо Мраз се татковците, не е лага. Подарокот под елка, го ставаат родителите, ама жена не се маскира во Дедо Мраз, маж се маскира.
- така да, не е лага.
Самовили, вештерки, Господ, Богови, змејови, јас знам дека не постојат, дека се плод на фантазијата, ама тоа е мој став и мое гледање на работите. За да му доволам да има свој став, му кажувам дека САМОВИЛИТЕ СЕКОЈ ГИ ГЛЕДА НА СВОЈ НАЧИН. - тоа не е лага. Ти ги гледаш како непостоечки банални измислени приказни од старите. Јас ги гледам како изменети митови за амазонки. И тоа треба да ги гледа на некаков начин. - така да, и тоа не е лага.
Точно е дека децата не мора да ја знаат суровата реалност, не мора да знаат дека за пари некој може да ги убие на улица. Ама тоа што ќе му кажам дека сонцето ќе го изгори ако излезе надвор. Посебно ако тоа му го кажам на син ми што сѐ зема здраво за готово, после ти да го соблечеш на плажа. Пошо и таму има сонце.
А дека на децата треба да им се вика дека се донесени од штрк... апсолутно сум против. Еве мене мајка ми така ми викаше и јас додека не сфатив како сум направен се чувствував посвоен. Па и рано сум го научил тој збор, па на секое сум ѝ го викал на мајка ми.
Да не набројувам, и онака предалеку отидовме од темава, само сакав да кажам, дека според мене, децата треба пополека да се запознаваат со вистината, не дека ако ми рече „како сум јас направен ?“ да му објаснам од детаљ до детаљ. Туку прво ќе се каже тоа(љубов на мама и тато), по некоја година, кога ќе проработат хормоните и кога ќе почне да бара по гугл... ќе дознае што конкретно е таа љубов. Или ако даде Бог да ме прашуваат и тогаш... тато ќе им каже.
Сѐ што сакав да кажам е, сметам дека е потполно погрешно, децата да дознаваат невини лаги(кажани од желба детето полесно да си создаде слика во глава), потоа тие лаги да бидат потполно различни.
Мене ме болеле тие лаги. Бидејќи ме болеле, не сакам и нив да ги болат.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Тоа што оставаш поклони под елка не те прави Дедо Мраз. Секој може да остави поклон под елка. Вистината е дека Дедо Мраз не постои. Тоа што ти ќе кажеш дека "самовилите секој ги гледа поинаку" е лага за детето: тоа нема капацитет да разбере што значи тоа "да гледаш нешто како митако суштество". Само тоа што ти велиш "гледа" за него значи дека тие постојат, инаку како некој би ги гледал?

Види сега, да скратам: како сакаш објаснувај, нема начин да објасниш некои работи без да излажеш. Не може една лага да е прифатлива а друга да не е. Згора на тоа, ваквите "мали лаги" се неминовни.

Јас сум од генерациите што ги донесе штркот, значи сите колективно. Ништо не ни фали, ти многу си се потресол околу тоа :)