Покрај сево ова што се случува јас деновиве си добив уште една причина зошто не би излегол на гласање воопшто. Во целава ситуација која што владее на територијата на библискиот народ, кога сите си гледаат одмори и тегнења по плажи (не ги кривам, лето си е) некој си наоѓа време да смислува генијални идеи за кои никој нема со прст да мрдне. Што е работата што ме засега? Е сеа ќе ви кажам.
ФЕИТ (Факултет за Електротехника и Информациски Технологии, Скопје) врши уписи на нови студенти и годинава, како и секоја година и тоа си е сосема нормално. Е арно ама ФЕИТ доделува едногодишна стипендија на кандидатот кој што ќе направи селфи со коментар зошто сака да се запише на ФЕИТ и ќе собере најмногу гласови. Ахам, што мислевте вие како се добиваат стипендии? Со учење? Пффф, го боли некој мандалото за знаењето. И сево ова има многу поширока позадина од обвинување на факултетот и органите кои што го управуваат, тешки политики се водат тука. Она што мене ме воодушеви е незаинтересираноста на оние кои што се претставуваа како заштитници на студентите и високото образование, а мајке му и на студентите кои барем студираат тука.