Децка песничка за трето оделење -
пролет ќе дојде
зимата ќе пројде
избори се ближат
чмарови се лижат
тркалото врти
пастирот прди
Инаку власта најави почеток на градење на тркало од 18,3 милиони евра. Тие 18,3 подоцна ќе отечат како ректум на штабски стаорец, можеби на 25,3 или 30,3 којзнае.
Восхитени од оваа вест, илјадници деца и младинци со тешки болести, екс-бранители на кои им ги бараат парите назад, исчезнати лица во поплави, трудови инвалиди и други категории граѓани - се собрале на плоштадот маќедоња каде што најавиле дека доброволно се откажуваат од живот само и само за да може да се изгради тркалото.
Репортерите посебно биле трогнати од случајот на еден млад човек кој веќе имал закажано орган харвестинг сесија од која очекува да собере барем 200К евра кои ќе ги донира како подршка на проектот.
Забележан е и првиот мвр-офец кој добил напад на Стендалов синдром, не можејќи повеќе да ги издржи убавините и естетските огразми кои пукаат при посета на споменетиот плоштад.