Премиер Лига, ФА и Лига Куп 2014/15

Кој тим ќе ја освои Премиер Лигата?

  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 1 12.5%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Арсенал

    Гласови: 1 12.5%
  • Ливерпул

    Гласови: 2 25.0%
  • Челзи

    Гласови: 3 37.5%
  • Некој друг тим (ќе пишам кој)

    Гласови: 1 12.5%

  • Вкупно гласале
    8
  • Poll closed .

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Утре се игра финалето на Football Association Challenge Cup на Вембли, најстарото постоечко фубалско тамичење во светот, Арсенал по 19 пат во финале (11 освоени) и Астон Вила по 11 пат (7 освоени).
Овој пат нема дебитанти и сензационални финалисти како претходниве години иако пласманот на Вила е до некаде изненадувачки. Арсенал го брани трофејот кој последен пат бил одбранет од Челзи во 2010. На победникот му припаѓа едно место во ЛЕ а до минатата година тоа важеше и за финалистот во случај победникот да има место во ЛШ, од оваа година само со победа се зема тоа место а во случај да го освои клуб пласиран во ЛШ местото се пренесува на ПЛ пласманот.

Иако е најстаро постоечко такмичење (почнато во 1871/72:frantic) сепак не е и најстаро фудбалско такмичење пошто пред ФА се играле два купа во 1867 и 1868 кои биле први целосни такмичења, Јудан купот во 1867 е официјално прв (победник бил Халам, вториот најстар клуб на светот) и Кромвел купот во 1868 (победник Шефилд Венздеј)

358px-Guinnessrecord2.jpg

ФА купот бил замислен како отворено нокаут такмичење на сите регистрирани клубови во ФА и така почнал иако подоцна морале да се воведат и квалификациони кола, а во денешно време да се ограничи на некои 800 екипи пошто инаку ќе трае пет години :kafe
Арсенал и Манчестер Јунајтед имаат најмногу титули, утре Арсенал има шанса да остане сам на врвот со евентуална 12.титула или Вила да се пробие на трето место со 8.

Освојувачи се -

11 - Арсенал, Манчестер Јунајтед
8 - Тотнем Хотспур
7 - Ливерпул, Челзи, Астон Вила
6 - Њукасл Јунајтед, Блекбурн Роверс
5 - Евертон, Вест Бромвич Албион, Манчестер Сити, Лондон Вондерерс
4 - Вулверхемптон Вондерерс, Болтон Вондерерс, Шефилд Јунајтед
3 - Шефилд Венздеј, Вест Хем Јунајтед
2 - Престон Норт Енд, Олд Итонианс, Портсмут, Сандерленд, Нотингем Форест, Бјури
1 - Хадерсфилд Таун, Саутемптон, Лидс Јунајтед, Дерби Каунти, Ројал Енџиниерс, Оксфорд Јуниверсити, Блекпул, Кардиф Сити, Барнли, Чарлтон Атлетик, Нотс Каунти, Барнсли, Клапам Роверс, Виган Атлетик, Вимблдон, Ковентри Сити, Ипсвич Таун, Олд Картузианс, Блекбурн Олимпик, Брадфорд Сити.

43 екипи вкупно го освоиле а најголеми баксузи се Лестер Сити кои четири пати играле финале и сите четири пати загубиле...

Ако се земе предвид дека во двата меча сезонава помеѓу Арсенал и Вила паднале осум гола и сите во мрежата на Вила и дека ќе играат третиот и 17. на табела на ПЛ, фаворитот е очигледен. Иако се дешавале големи чуда какво што би била и победа на Вила која нема освоено ништо 19 години, а конкретно ФА купот од 1957...:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кутра Вила шо ја снајде, 12-0 оваа сезона од Арсенал :^)
Арсенал најтрофеен а Венгер најтрофеен тренер во ФА куп (заедно со некој лик од пред ратот).
Санчез се разбуди од сон со ненормален гол, требаше да има пенал за Вила, барем за почесен гол...
Лани беше појако финале, имаше пресврти и драматики.

Во ФА купот за сиромашни, прва титула која оди во скотиш хајлендс, се очекува трофејот да заврши во непознат правец, хајлендерите победиле со играч помалку против второлигаш.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Арсенал е трет најтрофеен клуб во Англија, има 29 титули (а под титули се мисли на официјални такмичења со повеќе од два клуба/пријателски турнири/заебанции)... покрај 13 ПЛ тука се 12 ФА, 2 ЛК и 2 ЛЕ (и нејзини еквиваленти пошто има неколку такмичења под различни имиња пред да се обедини сето тоа и ребрендира во едно пред неколку години)

За прво место е отворено меѓу М.Јунајтед и Ливерпул, мислам дека вториве имаат една повеќе вкупно.
Е сега проблем е што секоја титула нема иста вредност, треба да се има дадена вредност за секој трофеј и тие вредности да се соберат.

Ако на ЛК како најскромно такмичење му се даде вредност 1, ФА би имал 2 а ПЛ 4. ЛШ како супер хајп би било нешто како 6, а ЛЕ 3. Мистерија е клупското СП за кое треба да се освои ЛШ за да се игра на него иако нема таква вредност, сепак една добра 5 би била соодветна.

М.Ј. = 20 ПЛ, 11 ФА, 4 ЛК, 3 ЛШ, 1 ЛЕ, 1 СП = 132 поени.
Ливерпул = 18 ПЛ, 7 ФА, 8 ЛК, 5 ЛШ, 3 ЛЕ, 0 СП = 133 поени. Пак мртва трка :^)

Арсенал = 13 ПЛ, 12 ФА, 2 ЛК, 0 ЛШ, 2 ЛЕ, 0 СП = 84.
Лестер = 0 ПЛ, 0 ФА, 3 ЛК, 0 ЛШ, 0 ЛЕ, 0 СП = 3 (inlove)
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Каков сон сум имал упичку материна, ко да сум бил на црната листа на Македонија и други европски земји па пратиле луѓе по мене... сум бегал низ некоја прилепска вип населба и во едно ќоше ме пречека фудбалерот Боласи од К.Палас, ме пикна во кола и се повозивме малце.
Во текот на возењето пошто се лигавам често, го испофалив и како сум негов фан, на неговата игра и дриблинг и му викам дека си добар играч и еден ден може да заиграш на БЕКОВСКАТА позиција во Јунајтед. Дури и накрај му побарав да мавниме селфи, тотално заборавајќи дека за мојата глава можеби имаат поставено неколку стотици илјади евра и ме бараат луѓе да ме фатат..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Каков сон сум имал упичку материна, ко да сум бил на црната листа на Македонија и други европски земји па пратиле луѓе по мене... сум бегал низ некоја прилепска вип населба и во едно ќоше ме пречека фудбалерот Боласи од К.Палас, ме пикна во кола и се повозивме малце.
Во текот на возењето пошто се лигавам често, го испофалив и како сум негов фан, на неговата игра и дриблинг и му викам дека си добар играч и еден ден може да заиграш на БЕКОВСКАТА позиција во Јунајтед. Дури и накрај му побарав да мавниме селфи, тотално заборавајќи дека за мојата глава можеби имаат поставено неколку стотици илјади евра и ме бараат луѓе да ме фатат..

Шо барал Боласи во Прилеп е правото прашање :zelen
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Веројатно да потпиши за второлигашот Победа. :p

Уште постои Победа? Нели ја укинаа едно време...
Јако би било да има клуб со име Пораз, на пример Пораз Пробиштип :zelen

Инаку гледам во Гардијан голема фрка околу трето место шо земале англиските жени на СП во фудбал, which is nice.
За разлика од нивните машки колеги кои се бламираа како нездрави лани на светско (facepalm)
Гледав финалето САД-Јапан, мислев некои мушкобањасти сивоњи и жентурачи ќе се појават на терен кога тоа прилично добро изгледаа тоа американките :eek:...јапанките онака, запечени со ниско лежиште и брзи..ама џабе, се изгубија начисто и примија гол од центар ... (not a sexist remark, just saying:p)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Ваков кикс... порано Викторија беше па Победа 19и незнам која, па веќе се вративме на старото име. И сега одиме во поход кон прва лига и рамо до рамо со Вардар, пошто нели таму ни е местото, рече Крстески. :D