Знаеш зошто те прашувам?
Многу битен, ако не и од суштинска важност е фактот дали еден од вас двајцата е осамостоен ако не целосно, барем делумно. Иако денес е малку потешка таа работа, но се` додека и двајцата зависите целосно од родителите, мерката за 18 години (правната) можеш само да ја употребиш во екстремен момент кога те гони, гониш некој закон. Се` друго зависи од одлуката на родителите. Да не те лаже тоа дека ти имаш целосно право да живееш одвоено, бидејќи не е доволна само решителност во ова, сериозноста е од размер на цела твоја лична егзистенција. А веруј ни на 20 години не се станува сериозен освен ако не си имала семејни проблеми кои имаат подлабок корен од само неколку несогласувања со родителите.