Фотографираме на тема (прашања, предлози...)

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Сите знаеме дека @JaMi со нејзиниот предлог го врати натпреварот во живот, но разликата е во тоа што фотографиите се пријавуваат во посебна тема и се гласа преку анкета, а не со лајкови. Оваа тема од сега служи само за предлози, прашања и слично за натпреварот. Во воведниот пост се запишани промените и темите кои до сега биле тема за фотографирање, а со текот на времето ќе се ажурираат новите теми.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Ај те мoлaм пoјaсни пoштo јaс ништo не рaзбрaв? Штo му фaли нa пoбедникoт oд aнкетaтa дa си oтвoри нoвa темa сo предлoг зa следнo фoтoгрaфирaње?
Зoштo џaбе кoмпликaции?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ај те мoлaм пoјaсни пoштo јaс ништo не рaзбрaв? Штo му фaли нa пoбедникoт oд aнкетaтa дa си oтвoри нoвa темa сo предлoг зa следнo фoтoгрaфирaње?
Зoштo џaбе кoмпликaции?
Нема никаква промена во однос на она што се случува во последно време. Победникот од анкетата отвара нова тема за следно фотографирање или со други зборови, новата тема (пр. улична уметност) ја кажува победникот на претходниот натпревар (пр. одраз) во фотографија. Ова е направено само за да се живне темава и да се поправат поранешните начини на игра, затоа што беше запишано дека темата ја бираат сите заедно во оваа тема и дека победникот се одбира со лајкови под сликата. На тој начин темава не функционира една година, па убаво е да се знае новиот начин на игра. Ако ние активните членови знаеме што и како некој не активен или нов член може не знае, а досега немаше некоја генерална тема за новиов начин на натпреварот, па затоа сега е оваа. Нема никакви нови измени, нема никакво комплицирање.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Имам предлог.
Се отвора тема: Зјаење во празно на пример.
Се ставаат слики за натпревар. Поминува рокот за пријавување на пример. Една седмица. Се отвора нова тема: Гласање (зјаење во празно)
Таа е заклучена за коментари и се гласа. Инаку да, во претходните натпревари имаше слики од интернет (не влијаеа на исходите)
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Имам предлог.
Се отвора тема: Зјаење во празно на пример.
Се ставаат слики за натпревар. Поминува рокот за пријавување на пример. Една седмица. Се отвора нова тема: Гласање (зјаење во празно)
Таа е заклучена за коментари и се гласа. Инаку да, во претходните натпревари имаше слики од интернет (не влијаеа на исходите)
Ако се согласат останатите на таков начин нека биде така, а ако има таков кој ги прекршува правилата пријавете го во истата тема
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Ако се согласат останатите на таков начин нека биде така, а ако има таков кој ги прекршува правилата пријавете го во истата тема
Толку е тешко да се провери на гугл дали има таква слика?
Плус тоа беше и на друг форум правило. Плус на пример јас не видов дека има гласање. Вака во нова тема ќе се знае дека има гласање.
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Толку е тешко да се провери на гугл дали има таква слика?
Плус тоа беше и на друг форум правило. Плус на пример јас не видов дека има гласање. Вака во нова тема ќе се знае дека има гласање.
Не е лоша идејата за гласање во нова тема но ако се отвори таква ќе биде празна или ретко некој на некого да му честита победа.