Хах денес сите мислеа Челзи ќе победи, а убаво им викав дека не се во право. Штета што не се кладев со некој.
Иначе сакав да кажам за утакмицата на Ливерпул што помина, немав време тогаш да пишам, партиски обврски знаете како е.
Атмосферата беше премногу добра, од тоа химната солзи ти доаѓаат, а играта катастрофалната заради која треба да се засрамат сите. Легендата на клубот ја игра последната утакмица а тие се зафркаваат, лудаци глупи. Наместо да запнеа барем со победа да го испратеа човекот, а и тој Роџерс што глуми мангуп, требаше да го извади при крајот, подобро опростување со навивачите од тоа нема. Ама прост тренер.
Да си признаам, ептен ми е жал што не освои ПЛ, значи многу ми е жал. Толку блиску беше лани и се случи тоа што се случи. Се друго нема да се заборави.