Тоа примери од поголеми и светски случувања, а какви се ситуации има во секојдневниот живот за кои никој не зборува или никој не сака да слуша.
Еве јас ке додадам неколку примери со кои лично сум се сретнала, не од рекла казала, туку нешта кои со свои очи ги имам видено.
1.Кога бев средно, тогашниот мој дечко беше приведен во полоција за еден џоинт и тоа не беше фатен на лице место, туку го собраа од улица затоа што некој го накодошил. Полицаецот му предложил договор - нема да го замара ако дила трева која ке ја купува исклучиво од него и бидејки сето тоа се случуваше во едно од најмалите градчиња во државава, полицаецот му рекол ,,сите ве знам и ке дознам ако си купувал трева од некој друг''
2. Еден извесен период учев во Скопје. На раскрсница со расипани семафори и сообраќаен полицаец, ме удира автомобил и типот не ни застана, си продолжи ко ништо да не било. Станувам полека и офкам бидејки ја удрив главата и ништо не гледав во тој момент. Се собраа неколку бабички и полека се разотидоа, полицаецот само ме погледна од страна и не изреагира. Никој не ми помогна во тој момент и бев принудена едвај некако полека да се довлечкам до училиште и среќа моја што немав ниту една скршеница. Кога им кажував на останатите, сите ми рекое дека полицаецот, а и бабичките, не изреагирале поради мојот изглед ( во тоа време носев искинати фармерки, мартинки, кожна јакна, нитни, имав некоја чудна фризура) што и не ме чуди.
3. Бев сведок на силување на малолетна девојка (која во тој момент беше под дејство на дрога) од страна на скоро десеттина полицајци. До ден денес морав да молчам затоа што жртвата така сакаше, која денес за жал повеке не е меѓу нас и погодете зошто
4. Во основно имав школски другар кој беше син на началник. Во осмо одделение го носеше пиштолот на татко му во школо, најверојатно го крадел, ама за началник на полиција тоа е многу неодговорно.
5. Имав познаничка која имаше швалер полицаец и ако некој не и беше по кејф веднаш ке се најдеше зад решетки, доволно беше само таа да посака, а тој ке смислеше како и зошто.
6. Имав и комшија полицаец, кој секојдневно жената си ја кршеше од ќотек, на децата не им даваше да излезат од дома и да се дружат со врсниците, сестра му едвај на матура ја пушти, со молење, со убедување, плачење...
Ех... примери од секојдневието ги има безброј. Ниту еден од овие полицајци не е казнет соодветно, ниту пак е отпуштен. Сите си ја носат униформата до ден денес и поради нив ние мирно спиеме, во нивни раце е нашата сигурност и нашата среќа!