Совети за читање книга

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
59
1,028
34
Тема посветена на оние кој читаат и оние кој допрва почнуваат да читаат книги за да оние поискусните им дадат совети.

Јас сум тип кој како растев почнував да ги засакувам книгите, но кога и да земам книга во рака читам неколку страни и почнува да ми лета паметот на сосема нешто друго и ништо од читањето книги (со исклучок на некој книги)
Затоа ќе поставам неколку прашања до вас членовите

  • Што правите за да се сконцентрирате на читањето книги ?
  • Дали читате книги во тишина или со музика ?
  • Дали некогаш читате книги на глас ?
  • Колку книги читате месечно/ годишно/ дневно ?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1. Ништо посебно не правам. Само се обидувам да се наместам во најудобна можна позиција, која ќе биде таква што 4-5 часа ќе можам да не се поместам - буквално. Тоа најчесто е до камин, покриен со ќебенце, со две три перници под грб. Во фотелја, со столче пред фотелјата за да си ги испружам нозете. Ако не сум наместен соодветно не можам да прочитам ни страна.
Потоа, обавезно земаш околу себе сѐ по што би можело да станеш во текот на читањето - телефон(што е исклучен или ставен на вибрации), цигари, вода, сок, некакви грицки.
2. Обавезно со музика. Но, секогаш некое пијано, чело и слично. Таквите музики ми даваат некој душевен мир и ме подготвуваат да бидам доволно силен да ја отворам железната врата на книгата и да влезам во нејзиниот универзум :) -
3. Кога читам поезија, обавезно на глас. Сепак тоа е ретко :) На глас ги читам само оние делови од книгата што ми се послабо разбирливи, дали поради лош превод, дали поради преголема употреба на „замрсени“ стилски фигури. Читањето на глас ме заморува, па доколку би читал сѐ на глас, не би успеал да прочитам ни 50 страни во еден ден.
4. Не знам. Зависи од ситуацијата. Кога единствена обврска ми беа книгите беше скоро, колку денови - толку книги. Сега, едвај 3-4 во еден месец.
- совет, кога ќе одлучиш да читаш книга, обиди се да се осигураш дека сите други обврски што би можеле да те прекинат во читањето ти се завршени. Затвори се во друг свет, најчесто сам во соба, и кога ќе почнеш да читаш книга, не ја читај површно. Веќе од првата страница создавај ја сликата што треба да ти се појавува пред очи како филм... само така се постигнува :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker and Marcello

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Имам еден единствен совет за читање кога го давам секогаш за оние кои ги интересира пишаниот збор воопшто.
Не бидете претенциозни и не читајте дела кои не можете да ги сварите. Подобро читајте нешто што е во ваш домен на соџвакување, не читајте глупи книги до крај, нема ништо срамно ако оставите книга полупрочитана и започнете нова. Истражувајте до момент каде што можете, не си го губите времето за нешто што не капирате. Давајте секогаш втора шанса на книгите но ако и по втор пат не пали, нема никогаш да запали, макар и има освоено некоја награда или е најчитана книга за 2015та година рецимо.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Имам еден единствен совет за читање кога го давам секогаш за оние кои ги интересира пишаниот збор воопшто.
Не бидете претенциозни и не читајте дела кои не можете да ги сварите. Подобро читајте нешто што е во ваш домен на соџвакување, не читајте глупи книги до крај, нема ништо срамно ако оставите книга полупрочитана и започнете нова. Истражувајте до момент каде што можете, не си го губите времето за нешто што не капирате. Давајте секогаш втора шанса на книгите но ако и по втор пат не пали, нема никогаш да запали, макар и има освоено некоја награда или е најчитана книга за 2015та година рецимо.

Обично почетниците, меѓу кои и јас :D ги читаат докрај и глупавите книги, со текот на времето ќе дознаат која е разликата помеѓу квалитетната книга и онаа "празната".

Се согласувам дека си во право, но мислам дека е подобро самиот читател да ја сфати разликата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Купувајте принтери кои користат ефтини пиратски тонери пошто оригиналните се изгор. Набавете она чудото за перфорирање хартија шо е и папка. Не за друго, цената+мкдпреводот=најчесто е дебилана која полека ама сигурно ќе ви го одмили делото кое го читате.
Нормално, друго е кога имаш права книга во рака ама мора да се снаоѓа чоек, едно што од последните 10 наслови кои ги имам читано мислам дека преведени се барем 0 од нив, друго што не можат да се најдат во Хунзистан...

Друга ствар која е добра се аудио книгите.

А за читањето како такво, не знам шо да посоветувам :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Мислам дека никогаш не треба да се форсираш додека читаш. Се согласувам со мислењата погоре дека се сите книги не се за секого, барем не во секој момент. Би посоветувала исто така и да не се форсирате да читате брзо или да читате без паузи. Мене често ми се случува за време на читањето да почнам да размислувам на темата која ја читам и да ја оставам книгата за да си филозофирам малку сама со себе. Ако мислите летаат и не се задржуваат на текстот во книгата, оставете ги, потоа пак пробајте, но ако пречесто се слчува значи книгата не е за вас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
Просто и едноставно земаш и читаш... Е сега ако немаш мотивација или желба ја оставаш...
Просто :D :D