Многу чуден старт на овогодишната сезона. Млад тренер, млад тим и беспрекорна гостинска форма, пропратена со очајни натпревари на Џузепе Меаца - се надевам дека вечер ќе ја прекинеме црната серија.
Гуарин тргна одлично, но последниве неколку натпревари на виделина излегува неговата брзоплетост и себичност, а Гаргано и Касано засега одлично ја возвраќаат укажаната доверба. Кутињо е ѕвер, и мака ми е што речиси секогаш влегува како замена во последните 20-30 минути. Ранокија е (фала Богу) многу подобрен од минатата сезона, но останатите дефанзивци (со чесни периодични исклучоци на Хуан) ни чкрипат.
Занети е неприкосновен се’ уште, тоа е факт, но не знам дали со неговите 39 години треба да е „благослов“ што имаме таков безвременски капитен, или клетва што не можеме да најдеме некој далеку помлад, а со слични задачи и перформанси како него.
А, и да, Милито не го сакам повеќе во тимот, Паласио би го играл наместо него.