Фан Клуб: Милан

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Видов дека нема фан клуб за Милан, па еве јас како голем навивач отварам тема.Се надевам дека на форумов има доста навивачи на овој клуб и дека сите заедно тука ќе дискутираме и ќе ги истакнуваме своите ставови и мислења.
FORZA MILAN!

ac_milan_wallpaper_a_c_milan_533.jpg


ФК Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од Англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани, и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесетите).
Милан има освоено вкупно 18 признати официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (9 пати). Што се однесува на Италијанските натпреварувања, Милан е на второто место со 18 титули, а само Јувентус има освоено повеќе (27). Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп три пати и Светското клубско првенство еднаш.
Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците два пати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија 5 пати, како и 6 пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.[4]
Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.


 
Последна промена од модератор:

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Милан е еден од најуспешните клубови во Италија, освојувајќи вкупно 29 трофеи, и со најмногу освоени интерконтинентални титули заедно со Бока Јуниорс[15] со рекордни 14 европски трофеи и 4 светски титули. Милан заработи право да носи ѕвезда на својот дрес што го претставува фактот што имаат освоено повеќе од 10 скудета. Исто така на Милан им е дозволено да носат УЕФА Значка на честа на нивните дресови за време на мечевите од Лигата на шампионите, бидејќи имаат освоено повеќе од 5 Европски купа.[16]
Национални титули

Серија А / Италијанско фудбалско првенство:
  • Победници (18): 1901; 1906; 1907; 1950-51; 1954-55; 1956-57; 1958-59; 1961-62; 1967-68; 1978-79; 1987-88; 1991-92; 1992-93; 1993-94; 1995-96; 1998-99; 2003-04; 2010-11
  • II место (14): 1902; 1947–48; 1949–50; 1951–52, 1955–56, 1960–61; 1964–65; 1968–69; 1970–71; 1971–72; 1972–73; 1989–90; 1990–91; 2004–05
Серија Б:
  • Победници (2): 1980–81; 1982–83
Копа Италија:
  • Победници (5): 1966–67; 1971–72; 1972–73; 1976–77; 2002-03
  • II место (7): 1941–42; 1967–68; 1970–71; 1974–75; 1984–85; 1989–90; 1997–98
Супер Куп Италија:
  • Победници (5): 1988; 1992; 1993; 1994; 2004
  • II место (3): 1996; 1999; 2003
Европски титули

Лига на шампиони (поранешен Европски куп):
  • Победници (7): 1962-63; 1968-69; 1988-89; 1989-90; 1993-94; 2002-03; 2006-07
  • II место (4): 1957–58; 1992–93; 1994–95; 2004–05
УЕФА Супер Куп:
  • Победници (5): 1989; 1990; 1994; 2003; 2007
  • II место (2): 1973; 1993
УЕФА Куп на победниците:
  • Победници (2): 1967–68; 1972–73
  • II место (1): 1973–74
Светски титули

Интернационален Куп
  • Победници (3): 1969; 1989; 1990
  • II место (4): 1963; 1993; 1994; 2003
Светско клупско првенство
  • Победници (1): 2007
Неофицијални титули

Dubai Challenge Cup
  • Победници (1): 2009
Латински куп
  • Победници (2): 1951, 1956
  • II место (1): 1953
Митропа куп
  • Победници (1): 1981–82
Трофеј Сантијаго Бернабеу
  • Победници (2): 1988, 1990
  • II место (1): 1999
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
И да не го заборавиме големиот ПАОЛО МАЛДИНИ живата легенда на МИЛАН
Паоло Чезаре Малдини роден на (роден на 26 јуни 1968 во Милано) е поранешен италијански фудбалер со богата историја позади себе. Има освоено седум пати серија А, пет пати Лига на шампиони, пет пати УЕФА Супер куп и еднаш Светското клубско првенство. Многу често е споменуван како еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Малдини играше фудбал цели 25 години, до својата 40-годишна возраст и целата негова кариера ја помина само во еден клуб, Милан. Тој е добро познат по неговата брзина, по способноста да изврши прецизни стартови и по неговото огромно водачко влијание на и надвор од терените. Синот на Чезаре Малдини е најодбираниот играч во историјата на Милан, италијанската серија А и втор играч со најмногу настапи во италијанскиот национален тим со 126 на број веднаш позади Фабио Канаваро.
Milans-Paolo-Maldini-001.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nepobedliv :) and emzzy

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Алегри: Убеден сум дека Арсенал е доволно силен да го сврти резултатот во своја корист.Доколку не играме добро и не сме фокусирани тие можат да ни создадат многу големи проблеми.Мораме да одиграме исто како и на првиот натпревар.Арсенал имаат многу силни и млади фудбалери.Робин ван Перси е еден од најдобрите нивни играчи и тој може да ја направи разликата на теренот.Но јас не би сакал да ги заменувам моите фудбалери со оние на Арсенал.Со никој од нив, затоа што јас во мојот тим верувам повеќе од се на светов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Psychobilly

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Официјален состав:
Abbiati, Abate-Mexes-T.Silva-Mesbah, Urby -Van Bommel-Nocerino, Robinho, El Shaarawy-Ibrahimovic.