Уште ваква тема фалеше.
Да се потсетиме на минатото и на тоа кога се појавиле првите симпатии кон некој тим. Ако на некој му се омилени повеќе тимови, нека пише за сите не е проблем.
Епа ај прво јас ако не.
Како што имав пишано еднаш, за Ливерпул почнав да навивам од 2005 после финалето во ЛШ.
Пред тоа не ни гледав многу фудбал, кошарката преовладуваше. Не знаев што е тоа ЛШ, имав слушнато ама никогаш не сум гледал, не знаев кои играат, од каде се тимовите, кои играчи се најдобри, буквално ништо не знаев.
И тогаш, 2005, си реков дека ќе гледам и баш да видам што е подобро за гледање, дали толку зборуваното ЛШ или Нба. Од досада, бидејќи фудбалот ми беше досаден спорт не ги гледав сите натпревари.
Да не должам, дојде финалето, Истамбул, полн стадион, сите дома седат и гледаат како Милан ќе се прошета до титулата (yeah right ), седам и јас пред тв и не знам што се случува ама морав да гледам, сакав да видам што е толку интересно.
Почна натпреварот, падна и првиот гол за Милан, па вториот, третиот, и си реков ау па овие биле јаки. Малку фалеше да навивам за Милан признавам, тоа полувреме го одиграа предобро. Но судбината си поигра со цел стадион, па и со мене.
Најдобриот дел штотуку следуваше, а јас детиште врска си немав, го пиев сокот колку што можев побрзо за да не морам да пијам во тек на натпреварот, го мразев тоа.
Ливерпул даде гол, после уште еден, па израмни, го прикажаа целиот стадион тоа беше лудница. Си викав, ова мора да е некој јак тим, ако победат ќе ги гледам само нив. Тоа и се случи, Ливерпул победи на пенали а јас почнав да навивам за нив иако не ги следев баш многу, затоа што како што кажав кошарката преовладуваше и секогаш кошаркарски натпревар ми беше пред фудбалски.
Продолжете.