Кога почнавте да навивате за омилениот тим?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Уште ваква тема фалеше. :)
Да се потсетиме на минатото и на тоа кога се појавиле првите симпатии кон некој тим. Ако на некој му се омилени повеќе тимови, нека пише за сите не е проблем. :)

Епа ај прво јас ако не.
Како што имав пишано еднаш, за Ливерпул почнав да навивам од 2005 после финалето во ЛШ.
Пред тоа не ни гледав многу фудбал, кошарката преовладуваше. Не знаев што е тоа ЛШ, имав слушнато ама никогаш не сум гледал, не знаев кои играат, од каде се тимовите, кои играчи се најдобри, буквално ништо не знаев.

И тогаш, 2005, си реков дека ќе гледам и баш да видам што е подобро за гледање, дали толку зборуваното ЛШ или Нба. Од досада, бидејќи фудбалот ми беше досаден спорт не ги гледав сите натпревари.
Да не должам, дојде финалето, Истамбул, полн стадион, сите дома седат и гледаат како Милан ќе се прошета до титулата (yeah right :zelen), седам и јас пред тв и не знам што се случува ама морав да гледам, сакав да видам што е толку интересно.
Почна натпреварот, падна и првиот гол за Милан, па вториот, третиот, и си реков ау па овие биле јаки. Малку фалеше да навивам за Милан признавам, тоа полувреме го одиграа предобро. Но судбината си поигра со цел стадион, па и со мене.

Најдобриот дел штотуку следуваше, а јас детиште врска си немав, го пиев сокот колку што можев побрзо за да не морам да пијам во тек на натпреварот, го мразев тоа.
Ливерпул даде гол, после уште еден, па израмни, го прикажаа целиот стадион тоа беше лудница. Си викав, ова мора да е некој јак тим, ако победат ќе ги гледам само нив. Тоа и се случи, Ливерпул победи на пенали а јас почнав да навивам за нив иако не ги следев баш многу, затоа што како што кажав кошарката преовладуваше и секогаш кошаркарски натпревар ми беше пред фудбалски. :)

Продолжете.
 
  • Like
Реакции: Хоуп* and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,270
1,183
Disco
Ангелот небесен се симна облечен во зелено бел дрес и рече `навиваааааааааај за овоооој клуб чедо грешноооо` (party)

Шега настрана, не сум сигурен ама мислам дека чат пат како мал даваа голови од шкоцка лига некаде и како детенце бев импресиониран од имиџот, головите, атмосферата, вкупниот `пакет` наречен Селтик, покасно нешто бев во фаза на слушање келтски музичиња и такви работи и општо тинејџ фасцинација со шкоцка и тие работи... тие фасцинации ги нема одамна но остана фанството кон клубот :)

@Altaïr

@Mjölnir

:kafe
 
  • Like
Реакции: Altaïr and Struggler

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,270
1,183
Disco
Да не заборавам дека и Дејвид Мојс има играно за Селтик (inlove)
 
  • Like
Реакции: Makedonec

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,270
1,183
Disco
Наши лујџе сме сеа, признај дека имаш и симпатии кон Сосиедат којшто е на чело со Мојсо и десна рака Вела.
Очекувам наредна сезона да освои шпанска лига, оваа сезона и онака морал да ги спасува кога дошол...
 
  • Like
Реакции: Struggler

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Почнав да гледам фудбал некаде на 5 годинки кога чичко ми ме носеше на утакмици на локалниот тим кој тогаш уште играше во прва лига (сега 10-тина години се борат за да влезат втора лига) и ми беше интересно. Татко ми поранешен фудбалер со кратка кариера поради тешка повреда на коленото почна уште тогаш да ме учи на правилата и јас ко детенце, 96-та имаше европско и ми купија и албум па собирав фудбалери (inlove) Радости децки. Немав уште омилен клуб ама редовно седев со на татко ми друштвото кои не испуштаа утакмица и дур тие си пиеја пивце во дворот јас пиев сокчиња (тогаш имаше едни сокови Наја и култното „Наја соковите се дар од боговите“, а јас уште од мал сум знаел дека сум Божјо дете и пиев таков сок) и постојано прашував зошто свирел судијата :cool:
'98-ма почна свецко во Франција и Французите владееја. Омилен играч Анри после мечот со С. Арабија кога постигна два гола (третиот не му го признаа) ама тогаш уште не беше во Арсенал. Франција - Хрватска плачев и се трескав од земја кога Давор Шукер за малку не ги прати Французите под туш, дома татко ми и друштвото сите за Хрватска и им било интересно да ме зафркаваат, а мене воопшто не ми беше до зафркавање (:| На крај Франција победи и никнав среде соба, сеуште ми беа крвави очите од плачење им викав „Кај ви е сега Шукер? А?“ и наравно следеше голтка од божјиот пијалок и трескање чашата. За малку ќе кркнев некоја клоца ама кој губи има право да се лути :biggrin. Франција освои титула, Анри отиде во Арсенал па после две години освои и европско
Премиер лига беше празник кај нас, Касандра се гледаше во другата соба, дерби Јунајтед - Арсенал. И кога така го гледам јас Анри со JVC реклама. Иронично, тогаш и Шукер играше во Арсенал ама се знае кој беше босот :kafe. Другар му на татко ми човек ќе убиеше за Јунајтед, татко ми немаше некој омилен тим, а јас кога го видов Анри во Арсенал си реков „Господ бил голем, ова е клубот за кој ќе навивам“. Прва сезона 26 голчиња, ама не допреа титула. Некоја година подоцна The Invincibles (inlove)
 
  • Like
Реакции: Outrider and Struggler