Broadchurch (2013-)
Се заинтересирав уште кога ја најавуваа, ама сум ја заборавила. Вчера случајно начекав пост на нет и ми текна да ѝ дадам шанса.
Англичаниве растураат значи. Кога ќе направат нешто - направено е. Kога ќе ја убацат онаа нивна воздржаност во емотивни приказни, тоа е рај за следење и многу повеќе уживам во нивна продукција отколку лигавоста на Америте.
Малото крајбрежно местенце Бродчрч, со едвај 15.000 жители и криминал ништо посериозен од ситни кражби, останува занемено од своето прво убиство т.е. смртта на 11 годишниот Дени. Можеби убиствата се нешто ново за мештаните, но нивните тајни, кои се на работ да бидат разоткриени, не се. Поради тоа, настанува општа недоверба и тензија во еднаш пријателски настроеното место.
На случајот работат детективите Алек Харди и Ели Милер - ликови кои и самите се борат со некои свои демони.
Дејвид Тенант го глуми ликот на Харди...еве, не можам...
Ме потсеќа на The Killing, само без тупењето. Има доволно мистерија и сомнителни фаци, но се држи до примарното, па не може да ти здосади.
Засега се две сезони, а една сезона има по 8 епизоди од околу 45 минути, ама бараат вклучен мозок.
Нареднава недела излегува финалето на втората сезона, мислам.
Америве одма го зграбиле Тенант за америчка адаптација т.н. Gracepoint, ама среќа не добиле внимание ко што сакале, па останале на една сезона.
Само да обноват за трета сезона и да ја тргнат таа навика од година-две чекање.
Ептен, ептен препорачувам.