Се наоѓам во ситуацијата "he asked , I said yes" Млади сме , долго заедно и изненадно испланирал се и еве сега сме верени.
Не знаев дека толку многу може да се промени кога се менува и статусот на една врска , но да можело. Промената не е во насока на тоа што го чувствувам за него, бевме блиски отсекогаш и ова е сега само една формалност низ која поминуваме. Промената е повеќе кон оние подготовки за настаните кои следат, адети, веридба, свадба. Веридбата се одлучивме да ја прескокнеме и да преминеме на свадбена свеченост. Знаев дека планирањето на свадба е процес , но дека е толку комплициран и тежок не знаев. Две фамилии се поврзуваат и секој член со по некоја идеја и адет прави само поголеми и побројни чворови . Јас и мојот вереник сме решени да си тераме по наш ќеиф и да ја направиме како нам ни одговара и како ние отсекогаш сме ја замислувале нормално во склоп на финансиските можности на родителите, но тешко е еуфоријата на нашите најмили да ја згаснеме. Музика? венчаница? подароци за семјствата, кумовите и старосватите? Кои се адетите? Кога сум кај венчаницата, дали да се купи готова или да се шие? Ако се шие каде е најдобро? Вреди да ја платам скапо за една вечер носење? На што да заштедам? Како да ја декорирам собата од каде ќе ме земаат? Бурмите да бидат од жолто или бело злато?
Исто така сме во фаза на местење на станот... Каква да биде спалната? Каква постелнина ?
Ова се само дел од прашањата кои секојден си ги поставувам и на кои најблиските имаат најразлични предлози и одговори. Неможам да ги исклучам од планирањето на свадбава затоа што сум прва , едвај го чекале овој период и сите се премногу среќни за да им речам ајде бегајте на страна и оставете се на нас. Не ни знам дали можам се сама да одберам. Само сакам да помине денот и да се разбудам во прегратките на човекот кој ме одбра и го одбрав да ми биде сопруг....фантазирањата за совршена свадба се сведени на „Да го преживееме денот во една нормала“
До свадбата имаме 5 месеци .
Отворена сум за совети, предлози, за се околу горенаведените прашања и плус нешто ако знаете што би ми користело како инфо во мојава ситуација.