Па бев криминалец кога крадев, како иначе кога ќе те мавни криза ќе се снајдеш. Тебе ти честитам што си ги издржал тешките периоди во животот, ама само затоа што ти мислиш дека твојот живот е тежок, не можеш да тврдиш дека нечиј е лесен. Никому да не му си во кожата, јас така ќе речам
Очигледно твојот начин на размислување е различен од мојот, доколку толку многу сакаш да се легализира дрогата можеш да гласаш ЗА ако те прашаат, или пак пресели се во држава кај што е легална. Не е работата дали е легално или не работата е дали е исправно да се зема или не. За некои е исправно, за некои не и секогаш ќе има спротиставени ставови и мислења, само што толку многу му даваш значење на легализирањето на дрогата што ми доаѓа да помислам дека си или џанак или имаш некој профит од ситуацијава.Не, не, морам
Па размисли малку де, ако беше легална немаше да треба да крадеш и да ги лажеш твоите за да дојдеш до пари, фино ќе си одеше во аптека со лична карта и ќе си купеше неделна доза за 200 денари...300...
Очигледно твојот начин на размислување е различен од мојот, доколку толку многу сакаш да се легализира дрогата можеш да гласаш ЗА ако те прашаат, или пак пресели се во држава кај што е легална. Не е работата дали е легално или не работата е дали е исправно да се зема или не. За некои е исправно, за некои не и секогаш ќе има спротиставени ставови и мислења, само што толку многу му даваш значење на легализирањето на дрогата што ми доаѓа да помислам дека си или џанак или имаш некој профит од ситуацијава.![]()
Тогаш значи дека лоша марихуана си земала,лош филм си водела и си се истрипала,ако не ја контролираш она ќе те контролира.Од задоволство до хистерија
Користев марихуана за да уживам во сексот, мојот тогашен партнер ми предложи да пробаме, ми кажа дека тоа е врвно уживање и на ниеден друг начин не може да се достигне. Го послушав, двајцата бевме под дејство на дрогата и навистина уживав, уживав како никогаш претходно во мојот живот. Таа вечер беше посебна, никогаш претходно не сум го постигнала тоа чувство и после таа ноќ неможев да имам секс ако не бев хај, па продолжив да дувам секој пат пред да имаме односи. И секој пат беше поубаво и поубаво и дозата беше поголема, се додека една вечер не полудев начисто. Додека имав односи со партнерот почнав да чуствувам гушење, силно стегање во градите, и почнав да халуцинирам, почнав партнерот да го гледам како животно, како некоја ѕверка која сака да ме убие, почнав силно да викам, да бегам и да го мавам, ќе го погледев чисто, а потоа се претвараше во ѕвер, сакаше да ми нанесе зло, сакаше да ме убие, и се појавуваа нови лица-сите чудни, искривени. Паничев, викав на цел глас, излегов надвор и влегов во кола и тој ми се присторуваше дека е до мене, дека ме демне, не знам од што бегав, но бегав и не знаев каде сакав да одам, но никако да стигнам. Ми се чинеше како да возам цела ноќ, а бев во кола најмногу 10 минути, стигнав дома и повторно не бев свесна, повторно луѓе околу мене и најлошо од се беше што не можев да им избегам, луѓе насекаде со грозни фаци, бегајки паднав, потоа последното нешто на што се сеќавам беше дека магловито ја видов вратата и бев сигурна дека нема никој. Од тој ден не сум земала марихуана, веќе една година не сум земала дрога воопшто, и сеуште се плашам да бидам интимна со партнерот со кој што сум сега.
Од задоволство до хистерија

Така е, имаш право,битно си го совладала и решила проблемот што е најважно во овој случај.Убаво е да се прочита лошо искуство за среќен крај,ретко се случува тоа а и уште поретко некој да си ја сподели јавно вистината за себе и низ што поминувал.@JaMi и @4FUN супер што проценивте што сум земала, луѓе поентата е дека секому може да се случи, внимавај колку сакаш, но никогаш не знаеш што внесуваш. И доста со овие квалитетни и неквалитетни дроги. Дрога е дрога и како таква го уништува човекот. Јас со мојот случај сум среќна што сум здрава и жива и што можам нормално да фукнционирам во општеството без потреба да сум под дејство.