Softengine е бенд составен од четворица момци на возраст од 18 до 21 година. Светот слушна за нив во 2014 кога се појавија на Евровизија со песната Something Better која стана многу популарна бар помеѓу мојот круг на пријатели. Песната се најде на третото место со 97 поени. Како и да е, за време на финалето сепак не успеа да го достигне истиот успех па заврши на единаесетото место со освоени 72 поени, најдоброто пласирање на Финска од далечната 2006. На трети октомври 2014 излезе нивниот фантастичен албум со наслов We Created The World, а јас уживав во секоја песна од него. Го сакам овој стил на музика бидејќи ми помага да се опуштам, особено кога имам премногу за учење. Дури и задачи математика решавам со нивните песни, најомилена ми е The Sirens иако и другите не заостануваат многу.
Members: Topi Latukka, Ossi Makela, Henri Oskár и Tuomo Alarinta.
Доколку не сте ги слушнале, мислам дека е време да им дадете шанса. Ве уверувам дека нема да се покаете.
Еден од најдобрите бендови на музичката сцена. Ново, свежо и релаксирачки. Уживајте!