Темава е говорење за себе и своите потреби,желби,афинитети,новости,за себе овде на форумов.Пример ти пиша каков тел.имаш, а моето прашање е што те натера да ни го кажеш тоа?
Ти благодарам.
Како што многу (за кого- како)зборуваме и им докажуваме на другите како сме подобри и имаме повеќе, така за своите маки и проблеми уште повеќе се "фалиме".
Сум забележал дека луѓето повеќе ги интересира нешто лошо што им се случило на другите, отколку нешто што е добро. А, пак, на оние кои нешто лошо им се случило се' повеќе се трудат да се покажат како "напатени" персони.
А, на форумов се зголемува уште повеќе желбата поради тоа што ја имаш анонимноста и никој не те познава(некогаш има исклучоци). Друга работа е тоа што се бара од тебе да го искажеш своето мислење, и јасно, желбата можеби несвесно се зголемува. На крајот, среќно и задоволно твоето его од себе- претставувањето продолжува понатаму- во потрага по нови " жртви".
Од друга страна, можеби личноста која се крие зад одреден ник е затворена, па со ова без никој да ја познава, говори за себе и за своите (не)квалитети. Познавам луѓе кои надвор од домот се однесуваат супериорно, додека во домот се инфериорни пред своите/ својот партнер.
Луѓето мислат дека науката и технологијата се отидени напред и дека многу работи се знаат... Но, всушност, многу малку е откриено. Не е откриено ни ова: зошто имаме потреба да говориме за себе си... Едноставно секогаш одговорот е едноставен: егото.
Тој одговор и' се наметнува на пошироката народна маса, и тој одговор е прифатен.
На пример, во темата
Што последно си купивте? ЈАС си пишувам што сум си купил затоа што сакам да му кажам на некого, макар и никој да не прочта јас ќе се 'издувам', така да се изразам.
На крајот на краиштата, се вика форум, се искажуваме себе си.