Нова Нова ,,Христова жива црква" која ќе истерува ѓаволи и лечи од магии бара регистрација во Македонија
Бркањето ѓаволи од луѓето може да стане официјална дејност на една верска организација доколку надлежниот суд реши да го прифати барањето за регистрација на новата „Христова жива црква“, која тоа го става во центарот на својата дејност. Практично, тоа ќе биде прва „специјализирана“ црква, која, освен со тоа, ќе се занимава и со исцелување на болните, ослободување од проклетствата и со растурање магии.
Регистрирањето на новата верска организација практично ќе значи дека во земјава ќе добиеме и прв егзорцист – лице што е специјализирано за истерувањето на духовите од луѓето.
„Дневник“ вчера објави дека 72 граѓани поднеле барање за регистрација на нивната црква која треба да ја зголеми листата од триесетина верски организации во земјава. Kако главен старешина на оваа црква е наведен Kонстантин Kајшаров, во македонската јавност е познат како сестрана личност, која, меѓу другото, се занимава и со помагање на луѓето кои имаат здравствени проблеми преку посебни терапии, а во што е вклучена и христијанската молитва.
Инаку, Ватикан минатата година официјално го признал меѓународното здружение на егзорцисти, група од 250 свештеници од 30 земји, кои се занимаваат со истерување духови.
http://mkd-news.com/ke-isteruva-gav...hiva-tsrkva-bara-registratsija-vo-makedonija/
------------------------------------------------------------------
Утрово го вклучив телевизорот и ја слушнав оваа вест
јас лично не сум ЗА зошто ова ми личи како на некоја нова секта а Кајшаров мислам дека има отворено своја болница во која лечи слични случаеви. Со оглед на тоа дека има своја болница зошто сега би отварал и нешто ко црква.
@Electra задолжително да се изјасни на темава