Имало многу режими кои преку крв и сила се одржувале на власт, пишувано е многу за природата на злото, Хана Аренд и Скот Пек да речеме, правени се експерименти (Милграм и Стенфорд етц) околу поддршката на значителен број раја на властите и учеството во злото на огромен број луѓе. Но и тие писанија дале само делумен одговор на проблемот.
Можеби и повеќе од самата власт, рајата која зависи за егзистенција од државата го презира народот. Бидејќи она што се милионските тендери за власта тоа се 300-те евра мечесно за бирократите и ако тие 300 евра им се загрозени, тие ќе ве убијат, запалат и ќе силуваат дете во колевка само за да ја задржат таа цркавица бидејќи за нив тоа е сигурност, пари за студии на деците, платени сметки, пензиско и здравствено, лајфлајн, трансфузија, храна од организмот-домаќин, опстанок, живот.