Светско првенство во ракомет - Катар 2015

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Македонија - Тунис 33:25
Една од најдобрите утакмици што сме ја изиграле. Тунис не се слаби ама вчера беа и тоа како слаби. Се виде дека добро сме ги проучиле и тоа е, растуривме. После од 17:00 против Иран. Јас не потценувам никогаш ама стварно не знам што бара Иран на првенствово.
Со победата против Тунис ни се отвори патот, Босна и Иран треба да ги добиеме, Хрватска според тоа како играше вчера можам да кажам дека е на исто рамниште со нас, Австрија ќе биде тешка. Очекувам пораз тука.

Хрватска - Австрија 32:30
Како што кажав за Хрватска, се мачеа цела утакмица. Алилович слаб ептен, малата минутажа во Веспрем му ја ослабе формата. Имаше 11 одбрани но прими смешни голови. Караџич единствена светла точка, да е беше тој ќе изгубеа Хрватите.
Австрија од друга страна е многу подобрена, крилата и бековите им се за класа подобри од последниот пат. Ќе имаме многу проблеми со нив.

Шведска - Исланд 24:16
Шведска без некаков проблем, цел натпревар водеа а Андерсон имаше свое шоу, што се им бранеше, буквално од секаде. Исланд не е тоа што беше, играат со вајлд карта откако изгубија од Босна во квалификациите. Со други зборови, за жалење се. Изненадувачки малку голови имаше.

Данска - Аргентина 24:24
Првото изненадување. Одлична игра на Аргентинците која даде резултат. Добро ги затворија од сите позиции, дури и пенали фаќаше голманот. Во последните секунди дадоа гол за голем бод.
Но Данска си е Данска, вака почнаа и во 2012 па на крај шампиони станаа. Ме нервира што имаат помош од судиите.

Полска - Германија 26:29
Не го гледав натпреваров ама мило ќе ми беше да изгубела Германија. Сигурно била неизвесна утакмица.

Босна - Иран 30:25
Очобол. Толку имам да кажам. Неуспех ќе биде ако не ги победиме двете репрезентации со плус 5. Нека не ве лаже големиот број на голови, немаат одбрана овие.

Шпанија - Белорусија 38:33
Словенија - Чиле 36:23
Франција - Чешка 30:24
Алжир - Египет 20:34
Русија - Арабија 27:17
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld

Прв болд: на секој во Македонија, на секој од репрезентацијата ова му минува низ глава, само никој не го кажува официјално.
Втор болд: требаше да изгуби Германија. Полска едвај се пласира на првенството, па сега дури и изгуби од нив. Инаку македонци беа судии на овој натпревар.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Прв болд: на секој во Македонија, на секој од репрезентацијата ова му минува низ глава, само никој не го кажува официјално.
Втор болд: требаше да изгуби Германија. Полска едвај се пласира на првенството, па сега дури и изгуби од нив. Инаку македонци беа судии на овој натпревар.
Како мислиш едвај? Слаби биле или тежок пат поминале?
Германија не дека се слаби ама на многу лош начин дојдоа на светсково. Врските и парите што ги фрлаат си го прават своето. Затоа и на скандинавците секогаш судиите им судат фаули и пенали, или остануваат слепи кога маваат во одбрана.
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Како мислиш едвај? Слаби биле или тежок пат поминале?
Германија не дека се слаби ама на многу лош начин дојдоа на светсково. Врските и парите што ги фрлаат си го прават своето. Затоа и на скандинавците секогаш судиите им судат фаули и пенали, или остануваат слепи кога маваат во одбрана.
Мислам на тоа што во баражот играа против Германија и за еден гол беа подобри, односно тежок пат поминале. А, исто така и тоа што противникот кој го исфрлија се пласира на првенството на крајно контроверзен начин, а потоа се паднаа во иста група делува деморализирачки врз Полјаците. Колку и да се труделе да го надминат тоа, сепак останува во потсвеста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мислам на тоа што во баражот играа против Германија и за еден гол беа подобри, односно тежок пат поминале. А, исто така и тоа што противникот кој го исфрлија се пласира на првенството на крајно контроверзен начин, а потоа се паднаа во иста група делува деморализирачки врз Полјаците. Колку и да се труделе да го надминат тоа, сепак останува во потсвеста.
Делува во право си, сега останува да го бркаат второто место зашто Германците не верувам да изгубат некој натпревар. А Полска ги чека тежок меч против Русија.
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Делува во право си, сега останува да го бркаат второто место зашто Германците не верувам да изгубат некој натпревар. А Полска ги чека тежок меч против Русија.
И тоа како тежок. Не само физички, туку и психички. Полјаците мислам дека не се во добри односи со Русите. Не знам колку се сеќаваш, ама кога се одржуваше европското во фудбал во Полска и Украина, Русија и Полска беа во иста група. Во Варшава имаше немири. Искрено не знам која е причината, мислам нешто од историјата, да не нагаѓам бидејќи не се разбирам многу многу од историја.
На крајот тие можат сешто да направат. Во 2009 беа трети, а ние го победивме во еден дел од првенството, може да се каже дека нивните резултати и варираат.
 
Знам за фудбалот, се сеќавам. Нешто историско е да, дури и Руските навивачи тогаш имаа кореографија на трибина на која пишуваше Ова е Русија. Ама сега нема навивачи, се се сведува на играчите. Русија има поискусни играчи, а ни Полска не е за фрлање. Тоа ќе биде супер меч, дерби. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Знам за фудбалот, се сеќавам. Нешто историско е да, дури и Руските навивачи тогаш имаа кореографија на трибина на која пишуваше Ова е Русија. Ама сега нема навивачи, се се сведува на играчите. Русија има поискусни играчи, а ни Полска не е за фрлање. Тоа ќе биде супер меч, дерби. :)
Сите дерби мечеви мора да ги игра Полска. Не е фер.(think)
 
Последна промена: