Дефинитивно порака која 365 пати ја прочитав е „Започнува нова книга со 365 страници. Направете ја добра.“, па да видиме...
Page 1 of 365
Ако работите ми тргнат споро колку што чекав да фатам линија за такси, веројатно ќе го завршам постов до мај.
На светлата страна - почеток со многу смеење е убав почеток, а почеток со филмање дека некој влегол и шушка по куќата, е возбудлив почеток. И по малку параноично-налудничав...aма ако, убаво.
Најсветла страна - добри шест пати се лизнав последниве 24 часа и уште се немам спружено. И тоа е некој успех.
Уште да ги одржувавме ветувањата кои ги даваме кога сме вака еуфорични, светов, па и црнава точка земја на која сме, ќе беа неколку нијанси поубави.
За првпат направив и листа со цели. Секогаш се осеќам смешно и непријатно сама од себе кога ваѓам на површина работи што ми тлеат, ама убаво е да се види тоа на хартија, некако ко да ми дава обврска и стимул да шкртнам што е запишано.
Среќна, деца форумџиски. Луѓе сме, ќе има секакви моменти, без разлика што некој ќе ни посака само најдобро во овој еден ден.
Затоа, ви посакувам секогаш да изнајдете сили да видите бело во црното и умешно да го искористите тоа во ваша полза.
И да ве служат здравјето и паметот, и вас, и вашите најсакани.
Мислам дека тоа е најбитно.