Знам што ќе прашаш, ги избришав јас моите мислења дека имало навреди кон албанците. Твоите се избришани за да не изгледа како да си пишуваш сама со себе, претпоставувам.
Тука го постирав зошто тука мислам дека и му е местото. До сега никогаш не сум ни сакала да постирам во темава ниту имало потреба. Доволно долго сум тука и знам како функционираат работите. Многу добро ми е јасно дека сите на моменти (кој почесто кој поретко) знаеме да направиме пропуст. Мене воопшто не ме интересира од кои причини ти како модератор си ги избришал твоето мислење или на некој член каде што очигледно било прекршено некое од правилата од форумов. Но сега сакам да прашам која е логиката во бришење на постови во кој е искажан туѓ став кој ниту на еден момент не се коси со ниту едно од правилата а ниту оди офф-топик само поради тоа што тебе не ти се допаднало или ти делувало како сама да си правам муабет? Мене не ми е проблем и сама да си правам муабет се додека го кажувам она што го мислам.
Како што тебе останатите модератори не ти бришат теми во форумите каде си најактивен не сакам ниту јас. Не, не се однесувам како дете и не плачам за мислење. Но ако сум одвоила време да коментирам во одредена тема која мене ме засега и доколку тој став спаѓа во она што е прифатливо според условите кои постојат, ти немаш никакво право да го бришеш. И да делува демотивирачки, зошто сакам да дискутирам на теми да поттикнам дискусија таму каде што ме интересира. Ако јас грешам сакам да бидам казнета според форумските правила, но ако не е така треба да се преиспита кој на каков начин си ја врши модераторската функција.
Немам ништо против тебе, а ниту против другите модератори. Со сите имам солиден и коректен однос и сакам тоа да продолжи понатаму.
Но како што досега на ниту еден член не се обидов да му го деградирам ставот ниту да му го нападнам сакам и мојот да биде третиран на идентичен начин.