Сакам да кажам/Сакам да прашам

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас па и воопшто не ги разликувам кои се модератори па да се обивнуваат нив. Можеби малку ригорозни се со казните како што пишувате, но и Вие малце треба да имате само дисциплина што пишувате (повеќето глупости и демек мудри коментари) и не си земајте толку при срце, едноставно форум е. Чудо големо ако те банирале на одредено време, јас во минатото на друг форум бев пермаментно баниран, па успеав да се извлечам, no blowjob! То е то..... i have no comment except на никого не сум му оставил никаков впечаток па никој не ме тагнал во најфорумџии, изглеа се плашат да ми пишат дека сум глуп или имам лоша смисла на хумор. :zelen
Ја тргнавме категоријата најфраер, иначе таму ќе те тагнев. Ќе водевме битка до крајот.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Во ред, може си бил некогаш обесправен. Али ајде сега сите ние од администрација да почнеме да ги посочуваме грешките што ги прават сите членови. Мислиш мене не ми здосадува понекогаш да ги пишувам истите работи, да ги објаснувам исти работи, да морам да бришам исти работи за кои сум зборела да не се прават, повремено и да казнувам за исти работи? Те разбирам до некаде, ама разбери и ти. И не ми смета да си кажеш што мислиш, него ми смета кога некој, било кој, ќе почне да вика ние од адм. да ги оживуваме старите теми и да отвораме нови. Како само ние да го правиме форумот.
Можеби не го избрав вистинскиот дискурз за да го претставам она што го мислам.
Се насочив кон администрацијата и што би требало да прават членовите од неа, затоа што член од администрацијата се насочи да бира најдобри форумџии наместо да прави попаметни работи и ме осуди мене зошто искажав негативен став кон оваа глупост.
Еднаш разговарав за истово, не е дека ми пречат казнените поени, ама да се доделени со вистинска причина. Сум пишувал на шпански... во ред, под него имало и превод, во мигот ми дошла желба својата тага да ја истакнам на најубавиот јазик што постои според мене во светов... ама не сум го заборавил и македонскиот и сум го запишал подолу истото и на македонски.... ништо страшно, ништо од друг свет. Запазени биле сите битни работи, а натписот што сум го имал, сум го ставил само тука, некој ми го избришал... и не ми дозволил да ми остане зачуван, а јас сум емоционално врзан за сѐ што сум запишал во животов, сега го немам тоа ради некои икс причини, на @ipopovski . Токму затоа сега помалку пишувам.
Она што сакам да го кажам, е дека конкретно најголемата причина поради која на миг почна да ми се болва од местово и си заминав е конкретно тоа исчезнување на мојот запис кој до ден денес не успеав да си го најдам во меморијата и да го запишам некаде на друго место... колку да го имам. Да смешно е човек од 32 години вака да изрегира за некому навидум обична работа, но тоа е исто како што се лутат уметниците кога некој цртеж им е уништен од отпечаток од филџан кафе на некој што не ја сфатил вредноста на тоа, па си го употребил листот како подметач. Ама сега кога се вратив, јасно е дека ќе продолжам да пишувам и свесно ќе се извинувам ако некогаш заборавам на некое правило, но ако повторно ми биде така без никаква, апсолутно никаква валдина причина отстрането мислење, има да бомбардирам со мрчење, па ако сакате и тужба испратете ми :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Можеби не го избрав вистинскиот дискурз за да го претставам она што го мислам.
Се насочив кон администрацијата и што би требало да прават членовите од неа, затоа што член од администрацијата се насочи да бира најдобри форумџии наместо да прави попаметни работи и ме осуди мене зошто искажав негативен став кон оваа глупост.
Во последните 2-3 месеци, кој има отворено најмногу теми знаеш? Од тие теми само на 1 или 2 имаше колку толку дискусија, сега ни на нив нема а може да има. Не те осудив туку ти кажав дека нема потреба од негативни коментари, тоа што било лани тоа е и сега. Ако не ти се гласа не гласај, јас не гледам причина зашто да не одбереме пак најдобри членови. :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Во последните 2-3 месеци, кој има отворено најмногу теми знаеш? Од тие теми само на 1 или 2 имаше колку толку дискусија, сега ни на нив нема а може да има. Не те осудив туку ти кажав дека нема потреба од негативни коментари, тоа што било лани тоа е и сега. Ако не ти се гласа не гласај, јас не гледам причина зашто да не одбереме пак најдобри членови. :)
Затоа што не се бира најдобри 10, од 10 активни членови - сите ќе бидат во некоја категорија, нема поента, избирањето најдобри се прави во ситуација кога има процут на форумот, па останатите да имаат поттик да се подобрат во квалитетот на своите искази.
- ова е мој став кон тоа, ова е причината која ја гледам и поради која нема да гласам.

дополнување:
има потреба од секакви коментари, затоа е форум, не? Дали ќе биде негативен и позитивен, е мој избор. Ела, дебатирај, убедувај ме во спротивното, ама не ми кажувај дали да давам негативен или позитивен коментар на нешто што ти сметаш дека е правилно, а јас не.
Ако мислиш дека претерувам, имаш палка, дај ми казнен поен, може ќе ме замолчиш(чисто се сомневам, ама ај).
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Има два типа на луѓе на планетава: Tие што штедат за на OneRepublic и тие што штедат за на Цеца.
Подалеку од овие вториве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Има два типа на луѓе на планетава: Tие што штедат за на OneRepublic и тие што штедат за на Цеца.
Подалеку од овие вториве.
Јас штедам и за двата концерта. Ама види, мора да се признае дека и на концертот на Цеца ќе биде јако.