Во ред, може си бил некогаш обесправен. Али ајде сега сите ние од администрација да почнеме да ги посочуваме грешките што ги прават сите членови. Мислиш мене не ми здосадува понекогаш да ги пишувам истите работи, да ги објаснувам исти работи, да морам да бришам исти работи за кои сум зборела да не се прават, повремено и да казнувам за исти работи? Те разбирам до некаде, ама разбери и ти. И не ми смета да си кажеш што мислиш, него ми смета кога некој, било кој, ќе почне да вика ние од адм. да ги оживуваме старите теми и да отвораме нови. Како само ние да го правиме форумот.
Можеби не го избрав вистинскиот дискурз за да го претставам она што го мислам.
Се насочив кон администрацијата и што би требало да прават членовите од неа, затоа што член од администрацијата се насочи да бира најдобри форумџии наместо да прави попаметни работи и ме осуди мене зошто искажав негативен став кон оваа глупост.
Еднаш разговарав за истово, не е дека ми пречат казнените поени, ама да се доделени со вистинска причина. Сум пишувал на шпански... во ред, под него имало и превод, во мигот ми дошла желба својата тага да ја истакнам на најубавиот јазик што постои според мене во светов... ама не сум го заборавил и македонскиот и сум го запишал подолу истото и на македонски.... ништо страшно, ништо од друг свет. Запазени биле сите битни работи, а натписот што сум го имал, сум го ставил само тука, некој ми го избришал... и не ми дозволил да ми остане зачуван, а јас сум емоционално врзан за сѐ што сум запишал во животов, сега го немам тоа ради некои икс причини, на
@ipopovski . Токму затоа сега помалку пишувам.
Она што сакам да го кажам, е дека конкретно најголемата причина поради која на миг почна да ми се болва од местово и си заминав е конкретно тоа исчезнување на мојот запис кој до ден денес не успеав да си го најдам во меморијата и да го запишам некаде на друго место... колку да го имам. Да смешно е човек од 32 години вака да изрегира за некому навидум обична работа, но тоа е исто како што се лутат уметниците кога некој цртеж им е уништен од отпечаток од филџан кафе на некој што не ја сфатил вредноста на тоа, па си го употребил листот како подметач. Ама сега кога се вратив, јасно е дека ќе продолжам да пишувам и свесно ќе се извинувам ако некогаш заборавам на некое правило, но ако повторно ми биде така без никаква, апсолутно никаква валдина причина отстрането мислење, има да бомбардирам со мрчење, па ако сакате и тужба испратете ми